Форфанг победник на ски-скоковите во Вилинген

Норвежанецот Јохан Андре Форфанг е победник на денешните ски-скокови во Вилинген, Германија.

Форфанг со скокови од 147,5 и 144,5 метри и освоени 271,4 бода се искачи на највисокото место на подиумот, првпат по пауза од две години.
Полјакот Камил Штох беше втор со 145,5 и 140,5 метри и вкупно 269,4 поени.

Третото место му припадна на уште еден претставник на Полска – Пјотр Жила со 142,0 и 138,5 метри и вкупно 245,1 поени.

Во генералниот пласман Штох води со 863 поени, пред Ричард Фрајтаг со 820 поени и Андреас Велингер (Германија) 736.

Следува пауза во Светскиот куп поради Зимските олимписки игри кои почнуваат следниот викенд во Пјонгчанг, Јужна Кореја.

Осум дена притвор за насилникот од автокампот Градиште

Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка и поднесе Предлог за определување на мерката притвор за 32-годишниот скопјанец, кој на 10 јули 2020 година  во Охрид, во автокампотот Градиште извршил грубо насилство  врз три лица.

Осомничениот извршил напад над оштетените со нож и дрвена палка со кои им нанел телесни повреди, а во исто време кај оштетените и присутните сведоци предизвикал чувство на страв, загрозување и несигурност. Нападот следел откако претходно, осомниченото лице ја загрозило сигурноста на оштетените кои повикале полиција. По интервенција на полицијата, осомничениот се оддалечил, но откако си заминале службените лица, тој се вратил и ги нападнал оштетените. Со тие дејствија, осомничениот го сторил кривичното дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Основниот суд во Охрид го прифати предлогот на обвинителството, па со Решение на осомниченото лице му е определен притвор во траење од 8 дена, соопшти обвинителството. .​

Најевтиното електрично возило чини само 930 долари и се испорачува по пошта (ВИДЕО)

За оние кои сонуваат за електричен автомобил, не можат да си го дозволат Тесла, постои решение.

Changli, најевтиниот електричен автомобил на светот, чини само 930 долари, или 1.200 долари со поголема батерија, а може да се нарача и онлајн.

Тој е дизајниран и произведен од кинескиот производител Changzhou Xili Car Industry, а германскиот Changli или Changli е мало електрично возило кое привлекува големо внимание откако се промовира како најприфатливиот електричен автомобил на светот.

Да се нарече ова возило автомобил може да биде малку чудно, ако се земе предвид дека моторот може да произведе само 1,16 коњски сили и неговата најголема брзина е 30 км на час. Сепак, тоа доаѓа со неколку интересни карактеристики како климатизација, грејачи, радио, камера ...

Но, според многумина најимпресивната карактеристика на овој производ е тоа што може да се испорача до вашата врата. Имено, секој може да нарача Чангли преку интернет. Всушност, единствениот начин да го купите е да го нарачате преку Алибаба.

Чангли е долг 2,5 метри, широк 1,50 метри и висок 1,80 метри. Тежи 323 килограми и може да носи до 300 килограми. Верзијата со двосед се продава за 930 долари (1200 американски долари со поголеми батерии), додека верзијата со три седишта чини 1.500 долари. Батеријата која трае 7 до 10 часа за полнење ќе трае 40-100 километри, во зависност од големината.

Новинарот и блогер Џејсон Торчински неодамна го нарача овој автомобил и објави преглед на YouTube. Возилото секако има ограничување, особено при возење по нагорнина, но заклучокот е дека станува збор за прилично импресивен производ кога ќе се земат предвид сите фактори, вклучително и цената и можноста за испорака до дома.

Надлежните се уште без конкретни одговори за смртта на 24 годишната девојка од Јегуновце

И по два дена, нема конректни одговори за смртта на 24 годишната девојка од Јегуновце од коронавирусот...

Пред Македонската академија на науките и уметностите е Мирјана Мирчевска Јовановиќ

притисни ентер