Втора победа во два дена за Вон

Американската скијачка Линдзи Вон ја оствари 81. победа во Светскиот куп откако денеска победи и на вториот спуст што викеднов се возеше во германски Гармиш Партенкирхен.


Сега само пет победи ја делат Вон од рекордот на легендарниот Швеѓанец Ингемар Стенмарк кој во својата кариера стигна до 86 победи во Светскиот куп.
Вон денеска патеката ја мина со време 1:37.92 минута, 11 стотинки побрзо од Софија Гоџа (Италија) и 12 од Тина Вајратер (Лихтенштајн).

Во спуст поредокот води Ѓоча со 429 бода, пред Вон со 406.

Во Генералниот пласман на лидерската позиција се наоѓа Микаела Шифрин со 1.513 бода, пред Венди Холденер со 842 и Кристина Ребенсбург со 767.
Следните трки од Светскиот куп се на почетокот на март, по Олимпијадата во Пјонгчанг која почнува на 9 февруари.

Димитров: Кисела Вода сака да оди напред не назад

Сака надеж наместо темница, затоа на 15 јули заедно, масовно одлучуваме за подобра сегашност и посветло утре!   

Караванот на Коалицијата „Можеме" предводена од СДСМ денес одржа трибина со граѓани на Скопска Кисела Вода. Говореа, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, носителите на ИЕ1, Никола Димитров и Мила Царовска и кандидатот за пратеник и претседател на СДММ, Дарко Каевски.

„Се ближи денот за една од најважните одлуки за нашата заедничка иднина! Коалицијата „Можеме" Ве повикува во среда да се придружите, масовно да излезете и да ја изберете единствената опција која чекори по вистинскиот пат! Придружите ни се на 15 јули, да ги почнеме преговорите со ЕУ, да создадеме европски стандарди дома. НАТО го испорачавме, сега следи ЕУ! Да не се лажеме, од другата страна е здружението кое сака да не врати во темницата, кое сака да го пропуштиме возот за ЕУ, да пропадне оваа златна шанса за нашата генерација. Ние тоа не смееме да им го дозволиме. Сите ние присутни овде, на чело со Зоран Заев, сме гаранција за сигурна иднина!" -истакна Димитров

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Зиадин Села ја потпиша на иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка"

Претседателот на Алијансата за Албанците Зиадин Села одговори позитивно на иницијативата на невладината организација „Да ја спасиме Попова Шапка" со потпишување на декларацијата за развој на Попова Шапка.

Меѓу барањата поднесени од невладината организација „Да ја спасиме Попова Шапка", беше и одземање на надлежностите од Елем Турс и пренесување на надлежностите во Општина Тетово.

Претседателот на АА ги потпиша краткорочни и долгорочните барања на невладината „Да ја спасиме Попова Шапка”.

-Анализа на досегашното непрофесионално и неефикасно управување со Попова Шапка. Инвестиции во патна инфраструктура, центар за рекреација и соседство на планинските куќи. Уништување на дивоградби и спроведување на Деталниот урбанистички план, се дел од краткорочните барања потпишани од Села.

Долгорочните барања на кои потпис стави Села се создавање можности за обезбедување на туристички центар на приватни инвеститори, изградба на жичарница Тетово-Попова Шапка, инсталација на систем за вештачки снег, проширување на туристичкиот центар кон северните терени (кон Јелак) како и кон делот над планината Боговиње, вклучување на граѓанскиот сектор во процесите на донесување одлуки кои ја одредуваат судбината на Попова Шапка.

Воедно, Села се заложи за негова максимална посветеност, како и на коалицијата за решавање на овој проблем со што Попова Шапка ќе стане модерен туристички центар. /МИА

Шекеринска: 14 години Николоски само ветуваше решение за водоснабдувањето во Издеглавје

Заменик претседателката на СДСМ и носител на листа во ИЕ5 - Радмила Шекеринска денес беше во посета и на Издеглавје каде што даде изјава за медиумите.

„Денеска сме во Издеглавје каде што можеме да видиме дека после 14 години ветување најпосле се решава проблемот со водоснабдување.

Ова зад мене е резервоарот кој што 14 години бил ветуван и не бил реализиран се досега. А со овој резервоар се решава проблемот на водоснабдување на Издеглавје но и на Слатински чифлик.

После толку години граѓаните веќе изгубиле верба, но еве сега се гледа дека проектот е на крај. Овој проект е реализиран благодарејќи на напорите на општината со средства од општината Дебарца но и со средства од Владата.

Она што е интересно е дека сите коментираат дека ова е селото од каде што потекнува Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ кој 14 години ги убедувал дека ова ќе го направат.

Требаше две и пол години да бидат во опозиција и најпосле Издеглавје да го добие ветениот резервоар. Можеби затоа Александар Николовски избега од 5-ка и замина да им нуди нови ветувања на некои други граѓани.“

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

притисни ентер