Монро се договори со Бостон

Досегашниот кошаркар на Феникс Санс, Грег Монро, кариерата ќе ја продолжи во Бостон Селтикс.

Лидерот во Источната конференција на НБА објави дека потпиша 12-месечен договор со седмиот пик на драфтот во 2010 година.

Се шпекулира дека 27-годишниот Монро ќе заработи 5 милиони долари.

За Монро заинтересиран беше и Њу Орлеанс, кој до крајот на сезоната остана без поврдениот Демаркус Казинс, но „Пеликаните“ не понудија соодветни услови.

Монро првите пет НБА сезони настапуваше за Детроит, потоа играше за Милвоки од 2015 до 2017 година, а помалку од три месеци беше дел од Феникс.

Оваа сезона играше 25 натпревари со просек постигна 10.4 поени, 7.4 скока и 2.2 асистенции.

Санкционирани 167 возачи во Скопје

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, девет мерки за користење на мобилен телефон при возење.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

Хантер Бајден бара отфрлање на обвиненијата за затајување данок

Хантер Бајден бара отфрлање на обвиненијата за затајување данок, за кои тврди дека се политички мотивирани.

Адвокатите на Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо Бајден, побараа да се отфрлат обвиненијата против него за федерално затајување данок како дел од политички мотивираното гонење.

Ејб Ловел, главниот бранител на Хантер Бајден, истакна дека ова не е обичен случај, тврдејќи дека има неправилности во начинот на кој бил покренат и истражен, што федералните обвинители го отфрлија, пренесува Си-Би-Ес њуз.

Во правните поднесоци поднесени во последниве недели, канцеларијата на специјалниот советник Дејвид Вајс соопшти дека политиката нема никакво влијание врз случајот и ги отфрли тврдењата дека обвиненијата се покренати за да се смират републиканците, нарекувајќи го тврдењето „поттикнување заговор“.

Окружниот судија на САД Марк Скарси подоцна укажа на недостиг на докази за поддршка на тврдењето дека политиката има какво било влијание врз обвиненијата.

Хантер Бајден не се појави на сослушувањето во средата, но се изјасни за невин по девет федерални даночни обвиненија во Централниот округ на Калифорнија во јануари, откако федералните обвинители наведоа дека тој се вклучил во „четиригодишна шема“ за да избегне плаќање најмалку 1,4 милиони долари даноци и го обвинија за непријавување и неплаќање данок, односно затајување.

Видео: Четворица убиени, петмина избодени во напад во Илиноис

 Четири лица се убиени, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен маж е уапсен.

Полицијата, исто така, соопшти дека некои од жртвите биле избодени со нож, но во нападот не било употребено огнено оружје, пренесуваaт локалните медиуми.

Убиени се 15-годишно девојче, 63-годишна жена, 49-годишен маж и 22-годишен млад човек.

Шефицата на полицијата во Рокфорд, Карла Ред, изјави дека загинале вкупно четири лица, додека еден е тешко повреден.

Четири лица се префрлени во болници, каде состојбата им е стабилизирана.

Полицијата соопшти дека засега не е позната причината за нападот.

притисни ентер