Лазаров: Навивачите не понесоа кон победата

Капитенот на Македонија, Кире Лазаров триумфот над Словенија (25:24) го посвети на навивачите кои им дадоа голема поддршка на „црвено-жолтите“ во „Арена Загреб“.
- Уште на загревање кога истрчавме на паркетот ја почувствувавме поддршката од нашите верни навивачи кои поминаа голем пат да дојдат да не бодрат. Тие се клучниот фактор за нашата победа. Секако и ние на теренот имаме заслуга. Одигравме паметно кога се одлучуваше победникот. Ја задржавме топката до крај во последниот напад. Заслужено ги освоивме бодовите. Одиме малку да се одмориме и уште посилно против Црна Гора. Во никој случај не смееме да ги потцениме Црногорците, изјави Лазаров.

Тој со седум голови беше втор стрелец во нашиот тим, зад Дејан Манасков кој постигна осум голови, но капитенот имаше извонредни асистенции во неколку битни моменти./МИА

Македонија заедно со Словенија и Црна Гора организатори на женското ракометното ЕП 2022

 Европската ракометна федерација на денешниот конгрес во Глазгов, Шкотска донесе одлука Македонија, заедно со Словенија и Црна Гора да бидат заеднички организатори на Европското првенство за ракометарки во 2022 година.

Федерациите на трите земји ги исполнија критериумите и ги задоволија сите барања при инспекциите на ЕХФ во текот на изминатиот период, по што официјализирано е дека градовите Љубљана, Скопје, Цеље и Подгорица, со своите арени „Стожице“, „Борис Трајковски“, „Златорог“ и „Морача“ ќе организираат по една од четирите групи во првата фаза од првенството.

Љубљана и Скопје ќе бидат домаќини и на по една од групите во главната фаза, додека завршницата од шампионатот ќе се игра во словенечкиот главен град.

Покрај условите за одигрување на овие натпревари од највисоко ниво, заедно со искуството на организација на големи настани на трите федерации, како посебно добра препорака за доделување на организацијата.

- Кампањата, која ќе се одвива под слоганот „We Can Handball“, како главна цел го има засилувањето на брендот на женскиот ракомет во Европа и Светот, така што со подобрување на сите негови производи, тој ќе се приближи до она што глобално претставува машкиот ракомет. Предложени се низа проекти под слоганите “We Teach Handball”, “We Travel Handball”, “We Care Handball”, “We Support Handball” и “We Work Handball”, меѓу другите, чија реализација нема да биде фокусирана само во земјите на одржување на Првенството, туку низ цела Европа, објави РФМ на својата официјална веб страница.

Целта на предложените проекти се опфаќање на широк аудиториум за приближување на фановите до своите идоли, промоција на женскиот ракомет, како и да се промовира самиот настан. 

СП 2018: Деле Али ја пропушта средбата со Панама

Англискиот репрезентативец, Деле Али, кој доби лесна повреда на колкот, за време на средбата со Тунис (2: 1), најверојатно ќе го пропушти вториот натпревар на „трите лава“ на Мундијалот 2018, тврдат медиумите на Островот.

На негово место против Панама на 24 јуни ќе започне Рубен Лофтс-Чик кој беше резерва и одигра добро второто полувреме на средбата со Тунис.

Покрај оваа рокада, со која селекторот Саутгејт ќе го зачува Деле Али за средбата со Белгија, селекторот можеби ќе направи уште две промени.

Според „Телеграф“ Рахим Стерлинг, добил доста критики за настапот и пропуштени шанси против Тунис, па тој можеби ќе го отстапи своето место на Маркус Рашфорд.

„Сан“ пак, претпоставува дека наместо Ешли Јанг против Панама ќе стартува Дани Роуз. 

СП 2018: ФИФА задоволна од ВАР системот

 Светската фудбалска федерација е задоволна од тоа како се користи видео технологијата ВАР на Мундијалот во Русија.

- На крајот од групната фаза на Светското првенство ќе се одржи медиумски брифинг за системот за видео-помош на арбитрите (ВАР), јавува Би-Би-Си.

Технологијата се користи за прв пат на Светското првенство во Русија.

Како што е наведено, ФИФА е целосно задоволна од иновацијата. Заедно со високо ниво на судење, ВАР целосно ја оправдува својата цел.

Сепак, во голем број случаи, одлуките беа донесени на фудбалскиот терен, што доведе до конфликтни мислења. Во овој поглед, и ќе се одржи медиумски брифинг, да не се коментира за секој поединечен случај одделно. 

притисни ентер