Брињоне најбрза на супер-џи во Австрија

Италијанката Федерика Брињоне е победничка на денешната трка во супервелеслаломот од Светскиот куп што се возеше во австрискиот зимски центар Бадклајнкирхајм.

Таа победи со време 1:09.80 минути.

Со 0,18 секунди заостанување зад победничката на второто место заврши Швајцарката Лара Гут, додека третата беше Корнелија Хитер (+0,46 секунди).

Ова беше седмата победа на Брињоне во кариерата и втора оваа сезона.

Воедно, Италијанката е петтата која сезонава се искачила на тронот во супервелеслалом.
Водечка во оваа дисциплина во поредокот во Светскиот куп е Тина Вајратер од Лихтенштајн со 276 поени, пред Гут со 239 и Брињоне со 201 бод. 
притисни ентер