На списокот на Словенија и реконвалесцентите Хенигман и Кавтичник

Селекторот на словенечката ракометна репрезентација Веселин Вујовиќ го објави конечниот список на играчите кои ќе бидат дел од Европско првенство во Хрватска.
Словенците во текот на подготвителниот период се соочуваа со големи проблеми околу повредените играчи, па на крајот Вујовиќ меѓу 16-те играчи на списокот мораше да ги вметне и реконвалесцентите Ник Хенигман и Вид Кавтичник, кои најверојатно и покрај болките ќе мораат да смогнат сили да и помогнат на својата селекција.

Од последниот избор на Вујовиќ, ги нема голманот Кастелич, како и бековите Цехте, Поточник и Лебан.

Боите на Словенија на ЕП ќе ги бранат:

Голмани: Матевж Скок и Урбан Лесјак

Кружни напаѓачи: Блаж Благотиншек, Игор Жабиќ, Матиц Сухолежник

Бекови: Јан Гребенц, Вид Кавтичник, Борут Мачковшек, Ник Хенигман, Миха Зарабец, Марко Безјак, Жига Млакар

Крила: Гашпер Маргуч, Блаж Јанц, Матиц Вердинек, Дарко Цингесар

Словенците, кои на последното Светско првенство минатата година го освоија бронзениот медал, ќе бидат првиот противник на Македонија во натпреварот кој ќе се игра утре во загрепска „Арена“ со почеток од 19.30 часот. 

СП 2018: Се запали авионот на Саудиска Арабија

Авион во кој се наоѓаше експедицијата на фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија се запали на нивното патување кон Ростов.

Пламен се појави на едно крило, но за среќа авионот слета безбедно во Ростов и трагедијата беше избегната. Огнот беше предизвикан од технички проблем со моторот на рускиот Ербас.

Од раководството на Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија потврдија дека никој не е повреден и дека фудбалерите и стручниот штаб се безбедни.

- Фудбалската федерација на Саудиска Арабија сака да ве увери дека членовите на репрезентацијата се апсолутно безбедни по малиот дефект на моторот на авионот, се вели во соопштението.  /МИА

СП 2018: Кејн во финишот и донесе победа на Англија против Тунис

 Англија со гол во судиското надополнување го совлада Тунис со 2:1 во вториот натпревар од групата Г на Светското првенство во Русија.

Англичаните во првиот дел ја оправдаа фаворитската улога и доминираа на теренот, при тоа имаа неколку сериозни шанси за погодок.

Англија со голот на Хари Кејн во 18-та минута поведе со 1:0. Меѓутоа, Тунис иако потешко доаѓаше до контрола на топката успеа во 35 минута со гол од пенал, кој успешно го реализираше Ферјани Саси, да израмни на 1:1.

Англиската репрезентација и во вториот дел продолжи со притисокот врз голот на Тунис, но изостануваше реализација се до 91-та минута кога Кејн повторно беше прецизен и донесе победа од 2:1.

Во првиот натпревар од оваа група Белгија убедливо ја совлада Панама со 3:0. 

СП 2018: Белгија убедливо ја совлада Панама

Белгија убедливо ја совлада Панама со 3:0 во првиот натпревар од групата Г на Светското првенство во Русија.

Белгиската репрезентација доминираше на теренот во текот на целиот натпревар и без поголеми проблеми дојде до победа.

Првиот гол во 47 минута го постигна Дрис Мертенс, а потоа Ромелу Лукаку прво во 68 минута зголеми на 2:0, а седум минути подоцна беше прецизен за конечни 3:0.

Во вториот натпревар од оваа група во Волгоград ќе се соочат Англија и Тунис. /МИА

притисни ентер