Доминација на Реал во тимот на годината на УЕФА

– Европската фудбалска федерација (УЕФА) традиционално го избра најдобриот тим за 2017 година со гласови на официјалната интернет страница, каде што нема големи изненадувања. Во тимот на УЕФА доминира шпанскииот и европски шампион Реал Мадрид.

Помеѓу 11-те најдобри, од Реал се: Кристијано Роналдо, Серхио Рамос, Тони Крос, Лука Модриќ и Марсело, само Лионел Меси е избран од Барселона, а место си обезбедија и Џанлуиџи Буфон и Џорџо Кјелини (Јувентус), Дани Алвеш (ПСЖ), Кевин Де Бруин (Манчестер Сити) и Еден Азар (Челзи).
Во анкетата учествуваа 798.149 посетители на оваа страница кои избираа тим. Интересно, 73,7 проценти, или 558.495 доби Рамос. Роналдо освои 55,7 отсто од гласовите, или 444.430 гласови, а Меси 59,8 отсто или 477.036 гласови. 

СП 2018: Се запали авионот на Саудиска Арабија

Авион во кој се наоѓаше експедицијата на фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија се запали на нивното патување кон Ростов.

Пламен се појави на едно крило, но за среќа авионот слета безбедно во Ростов и трагедијата беше избегната. Огнот беше предизвикан од технички проблем со моторот на рускиот Ербас.

Од раководството на Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија потврдија дека никој не е повреден и дека фудбалерите и стручниот штаб се безбедни.

- Фудбалската федерација на Саудиска Арабија сака да ве увери дека членовите на репрезентацијата се апсолутно безбедни по малиот дефект на моторот на авионот, се вели во соопштението.  /МИА

СП 2018: Кејн во финишот и донесе победа на Англија против Тунис

 Англија со гол во судиското надополнување го совлада Тунис со 2:1 во вториот натпревар од групата Г на Светското првенство во Русија.

Англичаните во првиот дел ја оправдаа фаворитската улога и доминираа на теренот, при тоа имаа неколку сериозни шанси за погодок.

Англија со голот на Хари Кејн во 18-та минута поведе со 1:0. Меѓутоа, Тунис иако потешко доаѓаше до контрола на топката успеа во 35 минута со гол од пенал, кој успешно го реализираше Ферјани Саси, да израмни на 1:1.

Англиската репрезентација и во вториот дел продолжи со притисокот врз голот на Тунис, но изостануваше реализација се до 91-та минута кога Кејн повторно беше прецизен и донесе победа од 2:1.

Во првиот натпревар од оваа група Белгија убедливо ја совлада Панама со 3:0. 

СП 2018: Белгија убедливо ја совлада Панама

Белгија убедливо ја совлада Панама со 3:0 во првиот натпревар од групата Г на Светското првенство во Русија.

Белгиската репрезентација доминираше на теренот во текот на целиот натпревар и без поголеми проблеми дојде до победа.

Првиот гол во 47 минута го постигна Дрис Мертенс, а потоа Ромелу Лукаку прво во 68 минута зголеми на 2:0, а седум минути подоцна беше прецизен за конечни 3:0.

Во вториот натпревар од оваа група во Волгоград ќе се соочат Англија и Тунис. /МИА

притисни ентер