Ѓоковиќ: Убаво е што се враќам, поминав низ тежок период

Поранешниот светски рекет број 1 Новак Ѓоковиќ оствари победа над Доминик Тим на егзибицискиот турнир во предградието на Мелбурн, Кујонг, во првиот меч по паузата поради повреда.
Ѓоковиќ беше задоволен од прикажаното и се заблагодари на сите кои му даваа поддршка изминатиот период.

- Убаво е што се враќам на теренот и во Австралија. Поминав низ тежок период. Повредата е најголемиот противник за секој спортист. Се направив за да закрепнам. Поминаа шест месеци од мојот последен натпревар, ова не е официјален турнир, но се уште е натпревар, се уште играме на резултат. Благодарам на публиката која не поддржа, истакна Ѓоковиќ.

Србинот имаше пауза од точно 191 ден. Тој по прикажаното на мечот со Тим (6:1 и 6:4) верува дека подготвено ќе го дочека стартот на Австралија опен, првиот годинашен Грен слем кој почнува на 15 јануари. 

Претставени маскотите за Олимписките игри во Токио 2020

Организаторите на Летните олимписките игри во Токио 2020 ги претставија официјалните маскоти.

По анкетата спроведена во основните училишта во Јапонија, учениците одлучија тие да се викаат Мираитова и Сомеити.

Станува збор за ликови со футуристички изглед, кои според организаторот се комбинација на традицијата и иновацијата.

Маскотите ги изработи јапонскиот уметник Рио Танигучи.

Олимписките игри во Токио ќе се одржат од 24 јули до 9 август 2020 година./МИА

Хамилтон победи во Германија, Фетел не ја заврши трката

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, победи на трката за Големата награда на Германија, откако најдобро се снајде во променливите услови на патеката.

Актуелниот шампион на патеката „Хокенхајм“ стартуваше дури од 14-та позиција, но сепак успеа да стигне до 66-та победа во кариерата.

Второто место го освои неговиот клупски колега Валери Ботас, а трет заврши Кими Раиконен од Ферари.

Главниот конкурент Себастијан Фетел од Ферари, кој важеше за фаворит и тргна од пол-позицијата, сепак по 52 круга водство излета од патеката и ја заврши трката.

Хамилтон со оваа победа е прв во генералниот пласман и има 188 бодови, а Фетел е втората позиција со 171 бод./МИА

Иниеста дебитираше со пораз на Висел Кобе

Андрес Иниеста дебитираше во јапонскиот шампионат, но неговиот клуб Висел Кобе на домашен терен претрпе убедлив пораз од 0:3 од Шонан.

Иниеста влезе во игра во 59-та минута при резултат 0:2, но не успеа да внесе промена во лошата игра на неговите соиграчи и до крајот на натпреварот примија уште еден гол.

Дебито на шпанскиот фудбалер беше поздравено од присутните гледачи во Кобе со стоечки овации. /МИА

притисни ентер