Ѓоковиќ: Прва цел е да го освојам Австралија опен

Новак Ѓоковиќе е подготвен да атакува на трофејот на Австралија опен. Српскиот тенисер, кој шест месеци беше надвор од терените, во среда ќе го има својот прв меч и тоа на егзибицискиот турнир „Кујонг Класик“.
Прва цел на Ѓоковиќ ќе биде да ја освои титулата на Австралија опен.

„Како и сите останати 127 тенисери, ќе се борам за трофејот, затоа дојдов во Австралија. Сакам да победам во меч и на крајот да го освојам трофејот“, изјави Ѓоковиќ пред првиот Грен-слем турнир во сезоната.

Ѓоковиќ кој со шест титули во Мелбурн е рекордер на тој турнир заедно со Рој Емерсон, вели дека има голем мотив.
„Секоја година имам нов предизвик, напорно работев да ја започнам новата сезона за да бидам подготвен и во топ форма. Со нетрпение го чекам почеток на Австралискиот Опен“, додаде некогашниот најдобар тенисер на светот.

На овој турнир кој стартува утре, покрај Ѓоковиќ ќе настапи светскиот рекет број 1, Рафаел Надал, а во конкуренција ќе бидат и Стен Вавринка, Ник Кириос и Лејтон Хјуит, Деавид Гофан, Доминик Тим, Марин Чилиќ, Пабло Карења Буста и други.

Инаку, првиот Гренд-слем годинава Отвореното првенство на Австралија ќе се игра од 15 до 28 јануари во Мелбурн, на кој трофејот ќе го брани Роџер Федерер. 

СП 2018: Се запали авионот на Саудиска Арабија

Авион во кој се наоѓаше експедицијата на фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија се запали на нивното патување кон Ростов.

Пламен се појави на едно крило, но за среќа авионот слета безбедно во Ростов и трагедијата беше избегната. Огнот беше предизвикан од технички проблем со моторот на рускиот Ербас.

Од раководството на Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија потврдија дека никој не е повреден и дека фудбалерите и стручниот штаб се безбедни.

- Фудбалската федерација на Саудиска Арабија сака да ве увери дека членовите на репрезентацијата се апсолутно безбедни по малиот дефект на моторот на авионот, се вели во соопштението.  /МИА

СП 2018: Кејн во финишот и донесе победа на Англија против Тунис

 Англија со гол во судиското надополнување го совлада Тунис со 2:1 во вториот натпревар од групата Г на Светското првенство во Русија.

Англичаните во првиот дел ја оправдаа фаворитската улога и доминираа на теренот, при тоа имаа неколку сериозни шанси за погодок.

Англија со голот на Хари Кејн во 18-та минута поведе со 1:0. Меѓутоа, Тунис иако потешко доаѓаше до контрола на топката успеа во 35 минута со гол од пенал, кој успешно го реализираше Ферјани Саси, да израмни на 1:1.

Англиската репрезентација и во вториот дел продолжи со притисокот врз голот на Тунис, но изостануваше реализација се до 91-та минута кога Кејн повторно беше прецизен и донесе победа од 2:1.

Во првиот натпревар од оваа група Белгија убедливо ја совлада Панама со 3:0. 

СП 2018: Белгија убедливо ја совлада Панама

Белгија убедливо ја совлада Панама со 3:0 во првиот натпревар од групата Г на Светското првенство во Русија.

Белгиската репрезентација доминираше на теренот во текот на целиот натпревар и без поголеми проблеми дојде до победа.

Првиот гол во 47 минута го постигна Дрис Мертенс, а потоа Ромелу Лукаку прво во 68 минута зголеми на 2:0, а седум минути подоцна беше прецизен за конечни 3:0.

Во вториот натпревар од оваа група во Волгоград ќе се соочат Англија и Тунис. /МИА

притисни ентер