Хиршер најдобар на велеслаломот во Аделбоден

Марсел Хиршер уште еднаш потврди дека е во одлична форма пред Зимските олимписки игри во Пјеонгчанг кои започнуваат за нешто повеќе од еден месец.


По триумфот во Загреб во слаломската трка пред три дена, Австриецот денеска беше најдобар и на велеслаломската трка која се одржа во швајцарскиот ски-центар Аделбоден.

Хиршер по двете возења оствари вкупно време од 2.28:63 минути, што беше за 17.стотинки побрзо од големиот ривал Хенрик Кристоферсон од Норвешка. На третото место заврши Французинот, Алекс Пантуро кој имаше 21.стотинка послабо време од победникот.

За Хиршер ова беше вкупно шеста победа сезонава, со која се зацврсти на врвот на табелата во севкупниот генерален поредок во СК, сега со вкупно 674 бодови. Зад Австриецот се тројца Норвежани, а тоа се Хенрик Кристоферсон (580 бодови), Кјетил Јансруд (480) и Аксел Лунд Свиндал (452). 
притисни ентер