Хиршер неприкосновен во Алта Бадија

Австриецот Марсел Хиршер триумфираше на велеслаломската трка од Светскиот куп одржана во во италијанскиот зимски центар Алта Бадија.

Хиршер по двете трки имаше вкупно време од 2:25,42 минути, што беше за 1.секунда и 70.стотинки подобар резултат од второ пласираниот Хенрик Кристоферсон од Норвешка. Третото место му припадна на Словенецот, Жан Крањец.

За Светскиот првак во велеслалом, Хиршер ова е петта победа во низа на патеката во Алта Бадија, што претставува е рекордно достигнување.

Австриецот заедно со Аксел Лунд Свиндал го делат првото место во генералниот пласман за Светскиот куп со освоени 374 бодови./МИА
притисни ентер