ЕП 2020: Отворање во Рим, финале во Лондон

Европската фудбалска федерација (УЕФА) ја објави конечната листа на градови, каде ќе се играат натпреварите од Европското првенство во 2020 година.
Поради проблеми со изградбата на новиот стадион, отпадна Брисел каде требаше да се играат четири натпревари. УЕФА одлучи тие натпревари да се играат на лондонски Вембли. Како замена за главниот град на Брисел се споменуваа и Стокхолм и Кардиф, но УЕФА тие напревари ги „додели“ на Лондон каде ќе се играат вкупно седум натпревари.

- Концептот со воведуавње ЕП во 13 различни држави е осмислен за да може помали држави како Велс, да имаат единствена можност да учествуваат во организација на толку голем турнир. Поради тоа, сме тажни и разочарани со одлуката н УЕФА, наведуваат од Велшкиот фудбалски сојуз.

ЕП ќе се игра во 12 градови (Лондон, Минхен, Рим Баку, Ст. Петербург, Копехаген. Амстердам, Букурешт, Глазгов, Даблин, Билбао Будимпешта)

УЕФА одреди отворањето да биде во Рим, а од претходно беше познато дека полуфиналето и финалето дека ќе се играат во Лондон. Одредени се и домаќини по групи:
Група А – Рим и Баку
Група Б – Ст. Петербуг и Копехаген
Група Ц – Амстердам и Букурешт
Група Д – Лондон и Глазгов
Група Е – Билбао и Даблин
Група Ф – Минхен и Будимпешта
1/8-финале – Копенхаген, Букурешт, Амстердам. Даблин, Билбао, Букурешт и Глазгов
1/4-финале – Минхен, Баку., Ст. Петербург, Рим
Полуфинале и Финале – Лондон

Градови и Стадиони
Амстердам – Јухан Кројф Арена (56.000 гледачи)
Баку – Олимписки стадион (68.700)
Билбао – Сан Мамес (68.000)
Букурешт – Национална арена (55.600)
Будимпешта – Ференц Пушкаш стадион (38.650)
Копехаген – Паркен стадион (51.700)
Даблин – Авива стадион (53.330)
Галзгов – Хампден Парк (52.063)
Лондон – Вембли (90.000)
Минхен – Алијанц Арена (75.000)
Рим – Олимпико (72.698)
Ст. Петербуг – Крестовски стадион (68.134) . /МИА

Рамос му посака брзо закрепнување на Салах

Серхио Рамос го искористи својот Твитер профил за да искаже сочувство кон повредениот Мохамед Салах. 

Дефанзивецот на Реал Мадрид и нанесе повреда на ѕвездата на Ливерпул во средината на првото полувреме по груб боречки дуел, а потоа Шпанците победија со 3: 1 во финалето на Лигата на шампионите.

- Понекогаш фудбалот ви ја покажува добрата страна, а понекогаш и лошата. Пред се, ние сме професионалци и сакам да му посакам брзо закрепнување. Салах, иднината те очекува, напиша тој.

По натпреварот, Рамос ги негираше гласините дека Кристијано Роналдо ќе го напушти Мадрид. Тој тврди дека Португалецот нема да најде посилен тим од Реал. /МИА

Кариус: Го предадов тимот

Голманот на Ливерпул, Лорис Кариус презеде вина за поразот на неговиот клуб во финалето, откако прими два смешни гола за победа на Реал Мадрид со 3:1.

- Во моментов не чувствувам ништо. Го загубив натпреварот и жалам. Им се извинувам на моите соиграчи и сите поврзани со клубот. Ако можев да го вратам времето назад, ќе го направев тоа. Жал ми е, бидејќи денес ги предадов колегите, рече тој по мечот.

Германецот додаде дека неговите грешки во финалето го чинеле прескапо целиот тим.

- Тешко е да се зборува, но тоа е животот на голманот. Должен сум да кренам повторно глава. Во моментов, сепак само жалам за она што се случи, бидејќи овие голови се по цената на трофеј, додаде Кариус. /МИА

Клоп: Пропуштивме голема шанса

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп дефинитивно не беше расположен за коментари по поразот од Реал Мадрид во финалето на Лигата на Шампионите во Киев со 1:3.

„Црвените“ го почнаа подобро натпреварот, но потоа го загубија Мохамед Салах, а голманот Лорис Кариус направи голема грешка и му овозможи на Карим Бензема да го отвори резултатот. Ливерпул израмни, но резервата Герет Бејл повторно ја врати предноста на Реал, а нова грешка на Кариус по удар од далечина на Велшанецот го реши исходот од натпреварот.

- Момчињата се обидоа со се, но тоа не беше најдоброто сценарио што ни се случи вечерва. Се беше многу убаво до оваа вечер. Имавме голема шанса, но не успеавме да ја искористиме. Тоа е. Никогаш нема да дознаеме што ќе се случеше ако Мо Салах останеше на теренот, прокоментира Германецот.

Менаџерот на Ливерпул го израмни антирекордот на Ектор Купер и Арсен Венгер, откако Ливерпул загуби во финалето. Германецот стана третиот менаџер во историјата, кој ги губи првите три финалиња во европските клубски турнири.

За Клоп, поразот во финалниот меч исто така е шести од вкупно седум финалиња, во кои тој бил тренер. /МИА

притисни ентер