Алфа Ромео се враќа во Формула 1 по 33 години

Италијанскиот автомобилски гигант „Алфа Ромео“ повторно ќе учествува во шампионатот Формула 1, почнувајќи од следната сезона.
По 33 години, Алфа Ромео се враќа во најбрзиот тркачки циркус и ќе создаде нов тим под името Алфа Ромео Заубер, со болид на кој е логото на Алфа и со мотор на Ферари.

Алфа Ромео беше доминантен во Формула 1 кога почна натпреварувањето во 1950 година со возачите Џузепе Фарина и Хуан Мануел Фанџо.

Заубер засега не открива кои возачи ќе го претставуваат тимот во 2018 година, но ги зајакна односите со Ферари и се претпоставува дека ќе изберат младите возачи Карлс Антони и Антонио Џовинаци. 

СП 2018: Фаворитот Бразил одигра нерешено со Швајцарија

Уште еден од големите фаворити на Мундијалот во Русија забележа неуспешен старт. 

Бразил одигра само 1:1 против Швајцарија во натпревар од групата „Е“, во кој се уште Србија и Костарика. 

Филипе Кутињо реализираше по извонреден удар во 20-тата минута, но во 50-тата Стивен Цубер изедначи со главата. „Кариоките“ имаа претензии за прекршок од страна на Цубер при голот, но судиите не обрнаа внимание. 

Покрај тоа, Бразилците инсистираа и на пенал за Габриел Жезус во 73-тата минута, но овој протест исто така не вроди со плод.

Одличен натпревар одигра Нејмар, кој изгледа дека е целосно закрепнат од повредата. Напаѓачот на Пари Сен Жермен беше кошмар за играчите во црвено со неговите постојани пробиви, а Швајцарците постојано го фаулираа.

На крајот на краиштата, тактиката на „крстоносците“ им донесе важен бод во борба за пласман во елиминациската фаза. /МИА

СП 2018: Светскиот шампион на колена, Мексико со голема победа на стартот

Светскиот шампион Германија загуби 0:1 од Мексико на првиот меч од групата „Ф“ на Светското првенство на стадионот „Лужники“ во Москва. 

Ирвинг Лозано го постигна единствениот гол во 35-тата минута за Мексико. 

Бундестимот направи серија грешки во првото полувреме, а можеше да прими уште барем еден гол. 

По паузата, Германците заиграа посилно, но уште повеќе ја поставија својата одбранбена линија на проблеми. 

Во 89-тата минута, Јулијан Брант ја погоди гредата, а блиску до гол беа Марио Гомез и Јулијан Дракслер.

Вториот натпревар од групата помеѓу Јужна Кореја и Шведска се игра утре (18 јуни) од 14 часот. /МИА

Реал понудил 57 милиони евра за Алисон

Екипата на Реал Мадрид упатила прва понуда за голманот на Рома, Алисон и таа е во вредност од 57 милиони евра, тврди британското издание „Дејли Мејл“.

Според последните информации максимумот, кој „кралевите“ можат да го извадат за бразилскиот национален голман, е 60 милиони во европска валута плус опција за уште 10 милиони во форма на различни бонуси.

Весникот забележува дека договорот меѓу двата клуба тешко ќе се случи, бидејќи во моментов од Рома поставиле цена на својот голман од 85 милиони евра, а таа ќе се зголеми значително при силно претставување на Бразил за време на Мундијалот.

Од Мадрид ќе го почекаат крајот на Светското, за да видат дали ќе успеат да се договорат со „римските волци“ за намалување на цената.

Алтернативна опција за тимот е Тибо Куртоа од Челзи. /МИА

притисни ентер