Ботас победи на последната Ф1 трка оваа сезона

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас победи на последната трка оваа сезонава во Формула 1 што се возеше попладнево за Големата награда на Абу Даби.


Неговиот клупски колега Луис Хамилтон кој пред речиси еден месец ја обезбеди шампионска титула денеска заврши на втората позиција.
Зад нив се пласираа возачите на Ферари, Себастијан Фетел и Кими Раиконен.

Бодови на патеката „Јас Марина“ уште освоија: Макс Верстапен, Нико Хукленберг, Серхио Перез, Естенбан Окон, Фернандо Алонсо и Фелипе Маса.
Во Генералниот пласман Луис Хамилтон собра 363 бода, сосема доволно за четврта титула светски шампион.

Фетел сезоната ја заврши на второто место со 317 бода, трет е Ботас со 305.

Кај конструкторите убедливо прв е Мерцедес пред Ферари и Ред Бул.
Новата Формула 1 сезона ќе статува на 25 март 2018 година во Мелбурн со трката за Големата награда на Австралија.

Пендаровски: Држава која преговара со ЕУ, не смее да си дозволи лош изборен процес

Кандидатот за претседател на Стево Пендаровски денеска гласаше на првиот круг од претседателските избори 2024 година.

Во изјава за медиумите Пендаровски истакна дека очекува мирен изборен процес, не само денеска, туку и на 8 мај кога ќе се одржат вториот круг на претседателските и парламентарните избори.

„Тоа е исклучително важно, не толку за индивидуалните кариери на секој од нас кандидатите кои сме на овие претседателски избори, тоа е исклучително важно за целата држава, за Македонија, бидејќи држава која преговара со Европската Унија не смее да си дозволи лош изборен процес. Имаме долго искуство во таа смисла, повеќе од 30 години сме независна држава, имаме поминато многу изборни циклуси и јас се надевам дека како и минатиот пат, така и сега тоа ќе биде со запазување на највисоките европски и меѓународни стандарди“, рече Пендаровски.

Ковачевски: Граѓаните заслужуваат европска иднина, очекувам и да ја поддржат

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, денеска го оствари своето гласачко право на првиот круг од претседателските избори. 

Во изјавата за медиуми, Ковачевски посочи дека денеска е првиот чекор кон определување на правецот кон кој ќе се движи државата.

„Денес е голем ден, прв круг претседателски избори. Очекувам граѓаните да го искористат, во голем дел, своето гласачко право. Ние во изминатите 7 години ја вративме заедно со граѓаните демократијата во државата, затоа верувам дека граѓаните имаат доверба во изборниот процес и тоа ќе го докажат со бројноста на своето гласање. Денес е првиот чекор кон големата одлука, првиот чекор на првиот круг претседателски избори на кои што ќе определиме во кој правец ќе се движи државата", рече Ковачевски.

Во изјавата, Ковачевски посочи дека граѓаните сакаат да живеат во држава со европски стандарди и дека вториот голем чекор кон исполнување на оваа цел е на 8-ми мај, кога ќе биде вториот круг на претседателските избори и парламентарните избори.

"Дали ќе избереме да се враќаме кон минатото, кое што сакаме да го заборавиме, и кон стагнација или ќе одбереме кон прогрес и кон посветла иднина? Ние многу пати досега сме имале можност да се откажеме меѓутоа не сме се откажале. Затоа велам дека наредните две недели и особено на гласањето на 8- ми мај, треба да покажеме дека сакаме држава, која што држава ќе има европски стандард, квалитетно здравство, подобро образование, едноставно подобар систем. Постои проверен рецепт за тоа, а тоа е полноправно членство во ЕУ за кое што ние се залагаме и верувам дека граѓаните, и денес и на 8-ми мај, ќе поддржат таква иднина за Македонија, иднина во која што Македонија е дел од европското семејство, и ќе биде 28-ма земја членка на ЕУ", рече Ковачевски.

При тоа, Ковачевски посочи нема да дозволиме враќање во минатото кога бевме заробена држава, кога бевме раскарани со соседите, кога немавме ниту еден чекор направено кон евроатлантските интеграции, туку напротив, и денес и на 8-ми мај граѓаните ќе покажат дека сме за европска иднина на Македонија, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

притисни ентер