Далиќ: Сакам да ја водам Хрватска на Мундијалот во Русија и во квалификациите за ЕУРО 2020

Фудбалската репрезентација на Хрватска успешно го мина баражот за пласман на Мундијалот во Русија откако во двомечот со Грција беше поуспешна о овие два дуела како и на последниот од групата на хрватската клупа беше Златко Далиќ, кој го наследи разрешениот Анте Чачиќ.
- Секако дека ќе останам селектор. Давор Шукер (претседател на Фудбалскиот сојуз на Хрватска) ми понуди договор и пред реваншот со Грција, но прво сакав да ја завршам работата. Сакам да ја водам Хрватска во Русија, но и во циклусот квалификации за ЕУРО 2020, изјави Далиќ.

Во дебито на клупата на Хрватска, Далиќ ја победи Украина на гости, а потоа дома ја совлада Грција во првиот бараж дуел со 4:1 со што беше најавен пласманот на Светското првенство. Во реваношт во Атина Хрватска одигра 0:0, што беше доволно за настап на ново големо натпреварување на хрватската репрезентација. 

СП 2018: Хрватскиот селектор го врати Калиниќ дома

 Атмосферата во хрватската репрезентација е малку нарушена и покрај рутинската победа над Нигерија на почетокот на Светското првенство. 

Хрватските медиуми објавија дека селекторот Златко Далиќ го отстранил од националниот тим Никола Калиниќ.

Оваа одлука на селекторот е резултат на одбивањето на Калиниќ да влезе во игра пет минути пред крајот на натпреварот со Нигерија.

- Златко Далиќ по натпреварот со Нигерија изјави дека нема повредени играчи, туку постојат само неколку мали „проблемчиња“. Тешко дека одбивањето на Калиниќ да влезе во игра може да се нарече „проблемчиња“, пишуваат хрватските медиуми.

Селектор Далиќ не сакаше да коментира за овој настан и се очекува својот став да го соопшти попладне на прес-конференција. 

Михајловиќ ќе биде новиот тренер на Ристовски во Спортинг

Српскиот фудбалски стручњак Синиша Михајловиќ се наоѓа во Лисабон каде се очекува во најскоро време да биде промовиран во нов тренер на Спортинг.

Поранешниот тренер на Торино и на српската репрезентација се договорил со португалскиот клуб на двегодишна соработка.

За Спортинг настапува македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски.

По бурната сезона „зелено-белите останаа без тренер, откако тимот го напушти Жорге Жезус, а исто така од Спортинг си заминаа и поголем број играчи. 

Мурињо: Англија мора да го порази Тунис, но исто така се зборуваше и за Бразил и Аргентина

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, смета дека репрезентацијата на Англија мора да го совлада Тунис на дуелот од Светското првенство 2018.

- Дали го гледавте Тунис како играше со Португалија. Искрено, не ми се допадна тој натпревар. Тунис по својот потенцијал и стил е сличен на Мароко. Англија треба да победи, но истото тоа важеше и за Бразил и за Аргентина. Мислам дека натпреварот ќе биде интересен, изјави Мурињо.

Натпреварот Тунис – Англија ќе се игра во Волгоград вечер со почеток во 20 часот.

Три часа претходно (од 17 часот) ќе почне другиот меч од 1.коло во Г-групата меѓу Белгија и Панама. 

притисни ентер