По поразот од Австрија, Милевски ќе прави ремонт во младинската селекција

По убедливиот пораз од Австрија (0:4) инаку трет во новиот циклус на квалификации, селекторот на младинската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски најави комплетна реконструкција на националниот состав.


- По пораз од 0:4 тешко е било што да се каже. Австрија беше подобра, но три од четирите погодоци ги дадоа по наши грешки. За следниот меч оваа селекција ќе има сосема нов лик. За некои играчи ова беше последно предупредување. За жал, се враќаме назад, каде што бевме пред 3-4 години и на средина од циклусот ќе подготвуваме нова репрезентација за следните квалификации. Очигледно е дека дел од овие играчи не можат да се носат со притисокот што го носат вакви дуели, изјави Милевски на прес-конференцијата по мечот.

По овој пораз Македонија останува последна во седмата квалификациска група со само 3 бодови освоени со победата во првото коло против Ерменија.

Лидер во групата е Србија со максимален учинок и пет победи по пет кола, а втора е Русија со 10 бода, селекција која ќе биде следниот противник на црвено-жолтите во март (23), следната година. 

Клoп: Реал е фаворит, но ние сме ЛиверпулЛиверпул,

Во пресрет на финалниот натпревар од Лигата на шампионите со Реал Мадрид, тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп очекува голема борба против фаворитот.

50-годишниот Германец вели дека и Ливерпул има свои адути и квалитет да го освои елитното натпреварување.

- Точно е дека тие се фаворити. Ја освоија ЛШ четири пати во последните пет години. Постојат три доминантни екипи во последните години и ние се соочуваме против една од нив. Немам проблем со оваа ситуација и не се чувствувам како аутсајдер. Ливерпул не беше фаворит и во 2005 година, па го освои трофејот. Искрено, ми се допаѓа да сме во оваа улога. Реал е тим со огромни квалитети и тргнува за трет последователен титула, но ние сме Ливерпул и ова не треба да се заборави, истакна Клоп.

Финалето од Лигата на шампионите ќе се игра на 26 мај во Киев, Украина. 

Комплетиран тренерскиот тим за кампот „Кирил Лазаров 7“

 На еден месец до стартот на четвртото издание на ракометниот камп „Кирил Лазартов 7“, најдобриот македонски ракометар Кирли Лазаров го комплетираше тимот кој ќе работи со младите таленти.

- Нашите тренери се еден од поважните фактори кои придонесува да имаме успешен и квалитетен камп. Сакаме и даваме шанса на сите квалитетни и амбициозни помлади тренери од Македонија кои сакаат да бидат дел од кампот, истовремено благодарни сме за прифаќањето на соработката од нивна страна, изјави Лазаров.

Оваа година, своето искуство на кампот ќе го пренесат тренери од различни земји: Морген Вајс некогашниот селектор на младите дански репрезентативци, Патрик Петерсен најнаградуваниот млад дански тренер кој во моментов дел од РК " Ајакс Копенхаген, Оља Кецман некогашна репрезентативка на Југославија денес врвен тренер во женскиот ракомет која ни доаѓа од Данск и македонската ракометарка Наташа Коцевска која има будселигашко искуство. 

Конте: Јас сум сериски победник

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте по освојувањето на ФА Купот јасно стави до знаење дека сака да остане во клубот. 

Во финалниот натпревар синоќа на „Вембли“ Челзи го совлада Манчестер Јунајтед со 1:0.

- На хартија, Манчестер беше фаворит против Челзи, како и Арсенал пред тоа. Но, успеавме да победиме на сметка на напорна работа. Мојата позиција не се промени. Не сакам да слушам други предлози. Моето мислење е јасно, го почитувам договорот со Челзи и сакам да продолжам да работам. За две години го освоивме првенството и ФА Купот. Мислам дека докажав дека сум победник, сериски победник, и покрај тешкотиите, изјави Конте.

Останува да се почека на одлуката на раководството на „сините“ околу тренерската иднина на италијанскиот стручњак на клупата на Челзи. 

притисни ентер