Уште три празни места за Мундијалот во Русија

За Светското фудбалско првенство кое идната година ќе се игра во Русија слободни се само уште три места.
Досега пласман на Мундијалот покрај домаќинот Русија обезбедија следниве 28 репрезентации: Белгија, Германија, Англија, Шпанија, Полска, Исланд, Србија, Португалија, Франција, Швајцарија, Хрватска, Шведска, Бразил, Уругвај, Аргентина, Колумбија, Мексико, Костарика, Панама, Иран, Јужна Кореја, Јапонија, Саудиска Арабија, Нигерија, Египет, Сенегал, Тунис и Мароко.

Вечер по реваншот од плеј-оф меѓу Ирска и Данска (0:0 прв натпревар) ќе се знае 30. патник.

Утре од 10 часот играат Австралија и Хондурас (0:0) по што ќе биде познат претпоследниот учесник на планетарниот собир, а ноќта среда кон четврток по дуелот Перу - Нов Зеланд (0:0) ќе биде затворен списокот на учесници на СП 2018. /МИА

СП 2018: ФИФА покрена истрага против Џака и Шаќири, но и против српскиот селектор

ФИФА соопшти дека покренала истрага за швајцарските репрезентативци Ѓердан Шаќири и Гранит Џака, но и за српскиот селектор, Младен Крстајиќ.

Швајцарската репрезентација ја совлада Србија со 2:1 во натпревар од групата Е на Светското првенство во Русија, а стрелеци на голoвите за Швајцарија беа Џака и Шаќири.

Швајцарските фудбалери, кои имаат албанско потекло, на головите и на победата се радуваа гестикулирајќи орел како симбол на албанското знаме, а многумина особено од српската страна тоа го сфаќaат како политичка провокација.

ФИФА соопшти дека ќе отвори истрага и против Фудбалската федерација на Србија за проблемите со српските навивачи кои извикувале политички и навредливи пораки, но  и против српскиот селектор, Младен Крстајиќ, за изјавите по натпреварот.

Од ФИФА не наведуваат точно за кои изјави на Крстајиќ станува збор.

Пол позиција за Хамилтон во Франција

Тимот на Мерцедес доминираше на денешните квалификации за Големата награда на Франција, а британскиот возач Луис Хамилтон беше најбрз и стигна до 75-та пол позиција во неговата кариера.

Втор беше неговиот тимски колега Валтери Ботас, а на третата позиција заврши Себастијан Фетел од Ферари.

На четвртата и петтата позиција се двајцата возачи на Ред Бул, Макс Верстапен и Даниел Рикиардо.

Трката за Големата награда на Франција се вози утре на патеката „Пол Ришар“. /МИА

Македонските ракометари поразени од Турција на Медитеранските игри

Македонските ракометари со пораз го почнаа настапот на Медитеранските игри во Тарагона, при што беа совладани од Турција со 26:29.

Македонската репрезентација во Шпанија допатува со комбиниран состав, кој го предводи помошникот на селекторот Раул Гонзалес, Роберто Гарсија Парондо.

Македонија поголем дел од натпреварот остана во резултатска негатива, а првото полувреме заврши со предност на Турција од 13:15.

Во вториот дел и покрај обидите на македонските ракометари да израмнат и да направат пресврт, Турција не дозволи да ја загуби предноста и оствари победа.

Македонија утре ќе игра против Египет. /МИА

притисни ентер