Дибирова: Успеавме да одолееме на притисокот

Вардар е единствен тим во Лигата на шампионите што по 5 коло има пет победи. Дербито во групата денеска им припадна на црвено-црните" кои во Будимпешта го совладаа ФТЦ (29:28), а тренерот Ирина Дибирова задоволна од освоените бодови.
- Тука не е лесно да се игра, па и да се победи. ФТЦ има одличен тим, и тие го победија Ѓер во домашното првенство. Кај нас недостасуваше Лекиќ, што не беше добро за нас, зашто моравме да играме без еден важен играч. Знаевме дека ФТЦ ќе сака да победи и дека ќе се обиде да игра на начин што и го очекувавме. Среќна сум поради победата. До крајот на средбата успеавме да се справиме со притисокот од публиката и да освоиме два важни бода. Имавме и лош период во играта, но знаевме како да се носиме со притисокот и ситуацијата. Девојките одиграа добро кога требаше, изјави Дибирова.

Во следниот дуел, последен во групата, Вардар го пречекува Турингер. /МИА

СП 2018: Хрватскиот селектор го врати Калиниќ дома

 Атмосферата во хрватската репрезентација е малку нарушена и покрај рутинската победа над Нигерија на почетокот на Светското првенство. 

Хрватските медиуми објавија дека селекторот Златко Далиќ го отстранил од националниот тим Никола Калиниќ.

Оваа одлука на селекторот е резултат на одбивањето на Калиниќ да влезе во игра пет минути пред крајот на натпреварот со Нигерија.

- Златко Далиќ по натпреварот со Нигерија изјави дека нема повредени играчи, туку постојат само неколку мали „проблемчиња“. Тешко дека одбивањето на Калиниќ да влезе во игра може да се нарече „проблемчиња“, пишуваат хрватските медиуми.

Селектор Далиќ не сакаше да коментира за овој настан и се очекува својот став да го соопшти попладне на прес-конференција. 

Михајловиќ ќе биде новиот тренер на Ристовски во Спортинг

Српскиот фудбалски стручњак Синиша Михајловиќ се наоѓа во Лисабон каде се очекува во најскоро време да биде промовиран во нов тренер на Спортинг.

Поранешниот тренер на Торино и на српската репрезентација се договорил со португалскиот клуб на двегодишна соработка.

За Спортинг настапува македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски.

По бурната сезона „зелено-белите останаа без тренер, откако тимот го напушти Жорге Жезус, а исто така од Спортинг си заминаа и поголем број играчи. 

Мурињо: Англија мора да го порази Тунис, но исто така се зборуваше и за Бразил и Аргентина

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, смета дека репрезентацијата на Англија мора да го совлада Тунис на дуелот од Светското првенство 2018.

- Дали го гледавте Тунис како играше со Португалија. Искрено, не ми се допадна тој натпревар. Тунис по својот потенцијал и стил е сличен на Мароко. Англија треба да победи, но истото тоа важеше и за Бразил и за Аргентина. Мислам дека натпреварот ќе биде интересен, изјави Мурињо.

Натпреварот Тунис – Англија ќе се игра во Волгоград вечер со почеток во 20 часот.

Три часа претходно (од 17 часот) ќе почне другиот меч од 1.коло во Г-групата меѓу Белгија и Панама. 

притисни ентер