Иџе во Италија го тестираше новиот ,,Hyundai i30 N TCR”

Македонскит автомобилст Игор Стефановски Иџе имаше ексклузивна можност да го тестира новиот автомобил ,,Hyundai i30 N TCR” за фабричкиот гигант во авто спортот ,,Хјундаи мотоспорт”.
Новиот модел Иџе го тестираше на патеката Нуволари во Италија. Овој настан се случува на покана на долгогодишниот светски шампион во ВТЦЦ натпреварувањето, италијанецот Габриеле Таргвини.

- Чест е да се добие покана и шанса да бидеш меѓу првите во светот за тестирање на светски признат и докажан фабрички тим. Посебно сум горд затоа што поканата е добиена директно од врвен возач како Таргвини, кој заедно со шефот на Хјундаи мотоспорт, господинот Андре Адамо одлучиле и јас да бидам дел од овој фантастичен настан на официлајниот тест на патеката Нуволари во Италија. Задоволен сум и поради фактот, што самиот тест помина одлично, дури и ги надмина моите очекувања. Морам да нагласам дека успеав да достигнам време кое е завидно за таа патека. Ова е патека на која настапувам првпат. Јас сум задоволен. Целата екипа е пресреќна. Мошне позитивни се и рекациите во тимот на Хјундаи мотоспорт од кои добив искрени честитки. Најголема радост ми причини реакцијата на големиот Таргвини со кој си разменивме многу информации околу новиот автомобил, вели  Стефановски.

Тој додава дека во текот на следните денови ќе се направи уште едно тестирање, најверојатно на сува подлога, со цел да се добијат детални поадтоци за новиот автомобил.

- Мојот тим веќе прави анализа со која би донеле одлула дали можеби токму овој автомобил би бил нашиот арсенал за следната сезона, изјави  Стефановски.

Стефановски имаше одличен настап во неодамна завршената сезона во ЕТЦЦ шампионатот, во кој до последната трка беше во игра за трофејот. /МИА

Буфон: Ќе ми треба една седмица да донесам конечна одлука

Џанлуиџи Буфон се уште не донел конечна одлука дали и каде ќе ја продолжи кариерата и ги демантира шпекулациите кои се појавија во светските медиуми дека веќе се договорил со Пари Сен Жермен.

Францускиот шампион му упати покана на Буфон кариерата да ја продолжи во француската престолнина.

Буфон се повлече од Јувентус по 17 години поминати во торинскиот гигант. Тој во саботата за последен пат играше натпревар за „старата дама“.

- Ќе ми треба барем една недела, за да се смирам и да дојдам на себе по заминувањето на Јувентус. Има 40 години, минато ми е времето да носам спонтани и избрзани решенија. Треба внимателно да анализирам ситуацијата, бидејќи изборот не е лесен, изјави Буфон за „Скај Спорт“. 

Усека прв пат во историјата ќе игра во Примера

За првпат во клупската историјата, екипата на Усека ќе игра во најсилната шпанска фудбалска лига. 

Уеска ја победи Луга со 2:0 во последнито натпревар од 40. коло во Сегунда и на две рунди пред крајот создаде недостижни седум бода предност пред Спортинг од Хихон, кој е на третото место.

Усека ќе биде тимот со најмал стадион во историјата на Примера. „Ел Алкорас“ има капацитет од само 5.500 илјади гледачи. Досега прв на оваа листа беше Еибар со „Мунисипал“ кој собира 7.000 посетители.

Во следните две рунди од Сегунда шанси за прволигашки пласман има Рајо Ваљекано, додека за место во плејофот ќе се борат Спортинг Хихон, Сарагоса, Ваљадолид и Кадиз, Нумансија, Овиедо и Осасуна.

Од Приемра испаднаа Ла Коруња, Лас Палмас и Малага. 

Емери наследник на Венгер во Арсенал

Унаи Емери ќе биде новиот менаџер на Арсенал, пренесе Би-Би-Си, наведувајќи дека разговорите на раководството на премиерлигашот со младиот шпански тренер Микел Артета не завршила позитивно.

Се очекува денеска или утре и официјално Арсенал да го промовира досегашниот тренер на ПСЖ.

46-годишниот Емери претходно работеше во Лорка, Алмерија, Валенсија, Спартак Москва и Севиља со која има три трофеи во Лига Европа. 

притисни ентер