Гонзалес: Во Загреб секогаш се игра под притисок и е многу тешко

Европскиот првак Вардар викендов повторно гостува во меч од Лигата на шампионите.
Овојпат вардарци патуваат за Хрватска кај ППД Загреб со надеж да ја продолжат добрата серија во досега се непоразени.

Ова ќе биде трета средба сезонава меѓу Вардар и Загреб откако во првите две хрватскиот шампион гостуваше во Скопје, каде беше поразуван и во Лигата на шампионите и во регионалната СЕХА конкуренција.

Вардарци за Хрватска отпатуваа комплетни, бидејќи во тимот се врати и Рожерио Мораеш кој имаше повреда и пропушти неколку средби.

- Сега е слична ситуација како лани. Одиме во Загреб како фаворити. Лани ние игравме добро 45 минути, имавме пет гола, па загубивме. Треба да имаме почит кон ривалот, да играме 60 минути со мотив и концентрација. Знаеме дека ќе биде тешко, таму секогаш се игра со доста притисок, изјави Раул Гонзалес, тренерот на Вардар.

На првиот меѓусебен натпревар на почетокот на октомври Вардар победи со седум гола разлика (28-21). На тој меч Вуко Борозан постигна четири голови, па токму од него и сега се очекува да биде меѓу поистакнатите играчи.

- Меѓусебе добро се познаваме со Загреб. Верувам дека ќе играат повеќе 7 на 6, и така ќе се обидуваат да имаат предност. Ние сезонава двапати победивме, рутински. Сега не очекува исто така тежок меч. Очекувам екипата да игра можеби и поагресивно во одбрана, со цел да не сопре. Но, ние сме поквалитетни, вели Борозан.

Натпреварот меѓу ППД Загреб и Вардар ќе се игра утре (сабота) со почеток од 20 часот. /МИА

СП 2018: Хрватскиот селектор го врати Калиниќ дома

 Атмосферата во хрватската репрезентација е малку нарушена и покрај рутинската победа над Нигерија на почетокот на Светското првенство. 

Хрватските медиуми објавија дека селекторот Златко Далиќ го отстранил од националниот тим Никола Калиниќ.

Оваа одлука на селекторот е резултат на одбивањето на Калиниќ да влезе во игра пет минути пред крајот на натпреварот со Нигерија.

- Златко Далиќ по натпреварот со Нигерија изјави дека нема повредени играчи, туку постојат само неколку мали „проблемчиња“. Тешко дека одбивањето на Калиниќ да влезе во игра може да се нарече „проблемчиња“, пишуваат хрватските медиуми.

Селектор Далиќ не сакаше да коментира за овој настан и се очекува својот став да го соопшти попладне на прес-конференција. 

Михајловиќ ќе биде новиот тренер на Ристовски во Спортинг

Српскиот фудбалски стручњак Синиша Михајловиќ се наоѓа во Лисабон каде се очекува во најскоро време да биде промовиран во нов тренер на Спортинг.

Поранешниот тренер на Торино и на српската репрезентација се договорил со португалскиот клуб на двегодишна соработка.

За Спортинг настапува македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски.

По бурната сезона „зелено-белите останаа без тренер, откако тимот го напушти Жорге Жезус, а исто така од Спортинг си заминаа и поголем број играчи. 

Мурињо: Англија мора да го порази Тунис, но исто така се зборуваше и за Бразил и Аргентина

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, смета дека репрезентацијата на Англија мора да го совлада Тунис на дуелот од Светското првенство 2018.

- Дали го гледавте Тунис како играше со Португалија. Искрено, не ми се допадна тој натпревар. Тунис по својот потенцијал и стил е сличен на Мароко. Англија треба да победи, но истото тоа важеше и за Бразил и за Аргентина. Мислам дека натпреварот ќе биде интересен, изјави Мурињо.

Натпреварот Тунис – Англија ќе се игра во Волгоград вечер со почеток во 20 часот.

Три часа претходно (од 17 часот) ќе почне другиот меч од 1.коло во Г-групата меѓу Белгија и Панама. 

притисни ентер