Буфон: Италија мора да избори пласман на Светското првенство

Фудбалската јавност во Италија стравува дека доколку не се мине Шведска во баражот „Аѕурите“ нема да бидат дел од Светското првенство за прв пат по 1958 година, токму на шампионатот кој се одржа во оваа скандинавска земја.
Ситуацијата се обиде да ја смири капитенот Џанлуиџи Буфон.

„Италија мора да избори пласман на СП. Без сомнение дека овој натпревар, ако заврши добро, ќе ми донесе многу среќа, па затоа не сакам да размислувам за алтернативи“, изјави на вообичаената прес-конференција пред мечот Буфот.

Легендарниот голман кој наскоро ќе полни 40 години, најави дека кариерата планира да ја заврши со настапот на Мундијалот во Русија. Сепак тој предупреди и дека, противникот ќе биде многу тешко.

„Дополнителните квалификации се необични, бидејќи ние долго не сме играле во нив. Тоа е можност за нас или за нив да се пласираат на многу посакуваното натпреварување. Швеѓаните без Ибрахимовиќ? Па, сигурно се многу по одговорни“, дополни низ насмевка Буфон.

Првиот бараж меч меѓу Шведска и Италија се игра вечерва во Стокхолм, додека реваншот е по три дена на „Сан Сиро“ во Милано. /МИА

Претставени маскотите за Олимписките игри во Токио 2020

Организаторите на Летните олимписките игри во Токио 2020 ги претставија официјалните маскоти.

По анкетата спроведена во основните училишта во Јапонија, учениците одлучија тие да се викаат Мираитова и Сомеити.

Станува збор за ликови со футуристички изглед, кои според организаторот се комбинација на традицијата и иновацијата.

Маскотите ги изработи јапонскиот уметник Рио Танигучи.

Олимписките игри во Токио ќе се одржат од 24 јули до 9 август 2020 година./МИА

Хамилтон победи во Германија, Фетел не ја заврши трката

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, победи на трката за Големата награда на Германија, откако најдобро се снајде во променливите услови на патеката.

Актуелниот шампион на патеката „Хокенхајм“ стартуваше дури од 14-та позиција, но сепак успеа да стигне до 66-та победа во кариерата.

Второто место го освои неговиот клупски колега Валери Ботас, а трет заврши Кими Раиконен од Ферари.

Главниот конкурент Себастијан Фетел од Ферари, кој важеше за фаворит и тргна од пол-позицијата, сепак по 52 круга водство излета од патеката и ја заврши трката.

Хамилтон со оваа победа е прв во генералниот пласман и има 188 бодови, а Фетел е втората позиција со 171 бод./МИА

Иниеста дебитираше со пораз на Висел Кобе

Андрес Иниеста дебитираше во јапонскиот шампионат, но неговиот клуб Висел Кобе на домашен терен претрпе убедлив пораз од 0:3 од Шонан.

Иниеста влезе во игра во 59-та минута при резултат 0:2, но не успеа да внесе промена во лошата игра на неговите соиграчи и до крајот на натпреварот примија уште еден гол.

Дебито на шпанскиот фудбалер беше поздравено од присутните гледачи во Кобе со стоечки овации. /МИА

притисни ентер