Видео: Харден го предводеше Хјустон во победата над Кливленд

Џејмс Харден беше нерешлива енигма за кошаркарите на Кливленд во синоќеното дерби на НБА лигата, кое тимот на Хјустон го доби со 117-113.


Харден средбата ја заврши со „трипл-дабл“ учинок од 35 поени, 11 скока и 13 асистенции, а имаше ипет украдени топки. Тоа е вториот „трипл-дабл“ улинок сезонава за популарната „Брада“.

Голема помош Харден имаше од Капела кој пак оствари „даб-дабл“ со 19 поени и 13 скока. Во редовите на вицепрвакот очекувано најдобар беше Леброн Џејмс со 33 поени, 4 скока и 7 асистенции, но и 9 загубени топки.

За Хјустон тоа беше деветта победа сезона, со која се проби на  второто место на табелата во Западната конференција, додека Кливленд го претрпе седмиот пораз по кој е во долниот дел на табелата во Истокот.


Пораз ноќеска доживеа и Оклахома и тоа на гостувањето кај Денвер со 102-94. Шестмина играчи кај домаќините имаа постигнато двоцифрен број на поени, а најмногу 21 Емануел Мудије, додека нова забелеќителна партија имаше и Никола Јокиќ со 15 поени и 11 скокови.

Кај гостите, а воедно и на натпреварот, најефикасен беше Кармело Ентони со 28 поени, додека Пол Џорџ и Расел Вестбрук придодадоа по 13, но тоа не беше доволно „Тандерси“ да го избегнат четвртиот пораз во низа, вкупно седми сезонава.

Успешната ноќ за домашните тимови ја надополнија, Вашингтон со победата над ЛА Лејкерс со 111:95, Торонто кој го совлада Њу Орлеанс со 122:118 и Сакраменто кој минимално со 109-108 беше подобар од Филаделфија.

 

Бабунски: Со верба во себе можеме да бидеме успешни со Пјуник

Тренерот на Вардар, Бобан Бабунски ги искажа своите први импресии после вчерашната ждрепка во УЕФА која го додели Пјуник за противник на „црвено-црните“ во првото квалификациско коло од Лигата на Европа.

- Нема слаби противници, знаејќи го квалитетот на ерменските интернационалци Хамбарџумјан и на Барсегјан кои беа и се главни играчи во Вардар, нашиот противник сигурно ќе го има нашиот респект. Треба да ја гледаме нашата игра и идеја која ја спроведуваме на овие подготовки, и потоа да ја играме на двата натпревари. Од играчите ќе барам да бидат максимално подготвени, и да веруваат во своите квалитети како би ја минале првата пречка во Европа, вели Бабунски во изјавата за клупскиот сајт на „црвено-црните“.

Вардар на првиот дуел ќе гостува во Ерменија на 12 јули во Ереван, седум дена подоцна е реваншот во Скопје.

Емре Џан на медицински тестови во Торино пред потпишување на договор со Јувентус

Италијанскиот фудбалски шампион Јувентус објави на Твитер дека играчот од средниот ред Емре Џан допатувал во Торино.

Се очекува за многу скоро време 24-годишниот германски фудбалер да потпише договор со „Старата дама“.

Последниот клуб на Џан беше Ливерпул. Тој за „црвените“ играше во периодот 2014-2018 година. Од почетокот на овој месец го напушти „Енфилд“ како слободен агент. 

Здружението на кошаркари дава поддршка на предлогот за намалувањето на бројот на странски играчи

Здружение на кошаркарски играчи изразува целосна поддршка на финалниот предлог на Македонската кошаркарска федерација во однос на намалувањето на бројот на странски играчи.

МКФ предложи намалување на странците од шест на четири со задолжителен настап на тројца Македонци во игра за следната сезона во Македонската кошаркарска прва лига.

- Сметаме дека раководството на Федерацијата презема еден важен чекор за подобрување на статусот на домашните кошаркари, како и на македонската кошарката во целост. Сакаме да го поздравиме ваквиот потег, но и да потсетиме дека остануваат и други чекори кои според нас се неопходни за подигнување на квалитетот на сениорските лиги и подобрување на условите за тренинг и натпревари. Ваквите промени, се надеваме дека ќе ги поттикне Прволигашите да почнат посериозно да инвестираат во младите играчи, и ќе превземаат низа мерки како би го олесниле процесот на нивно усовршување и спортски напредок, се вели во соопштението на Здружението на македонски кошаркари. 

притисни ентер