Видео: Никола Јокиќ броеше до 41, нов пораз на Оклахома

Српскиот интернационалец Никола Јокиќ ја одбележа изминатата ноќ во НБА лигата. Центарот на Денвер постигна рекордни во кариерата 41 поен во победата на својот тим против Бруклин со 112:104.
Јокиќ средбата ја заврши со „дабл-дабл“ учиник, бидејќи на 41 поен придодаде и 12 скокови.



Иако тимот на Оклахома сезонава важи за претендент за највисок пласман сепак „Тандерси“ се одново поразени. На гостувањето во Сакраменто, Оклахома загуми од „Кингси“ со 94:86. Ударното трио на Оклахома, Вестбрук-Ентони-Џорџ беше далеку од очекуваното иако Расел Встбрук средбата ја заврши со 20 поени, 12 скока и 6 асистенции, Кармело Ентони придодаде 16, а Пол Џорџ 12 поени.

Вице-шампионот Кливленд во интересна завршница го совлада Милвоки со 124:119. Кевин Лав дуелот го заврши со 32 поени и 16 скока, додека Леброн Џејмс имаше 30 поени, девет асистенции и осум скока. Кај Милвоки, а воедно и на натпреварот најефикасен беше Јанис Антетокуомпо со дури 40 поени.
На останатите натпревраи одиграни ноќеска во НБА лигата, беа постигнати следниве резултати: Индијана - Њу Орлеанс 112:117, Вашингтон - Далас 99:113, Њујорк - Шарлот 118:113, Торонто - Чикаго 119:114, Сан Антонио - ЛА Клиперс 120:107, Јута - Филаделфија 97:104, Портланд - Мемфис 97:98. 

СП 2018: Уругвај ја совлада Саудиска Арабија и обезбеди пласман во осминафинале

Уругвај со минимални 1:0 ја совлада Саудиска Арабија во второто коло од групата А на Светското првенство во Русија.

Уругвајците ја забележаа втората победа на Мундијалот и обезбедија место во осминафиналето.

Стрелец на победничкиот гол беше Луис Суарез во 24-та минута, кој го искористи невниманието на одбрана на Саудиска Арабија.

Во останатиот дел од натпреварот Уругвајците успеаа да го обранат минималното водство доволно за победа.

Место во нокаут фазата од оваа група обезбеди и Русија, која исто така по двете кола освои максимални шест бода. /МИА

СП 2018: Роналдо и донесе победа на Португалија против Мароко

Португалија со минимални 1:0 го совлада Марoко во групата Б на Светското првенство во Русија.

Стрелец на победничкиот гол во четвртата минута беше Кристијано Роналдо.

Во текот на целиот натпревар Мароко ја имаше иницијативата, особено во вториот дел кога се обиде сериозно да го загрози португалскиот гол.

Меѓутоа, Португалија успеа да се обрани и неколку пати се обиде да го зголеми водството преку контранапади.

Мароко со два порази ги загуби шансите за пласман во следната фаза, а Португалија со четири освоени бода е на чекор од осминафиналето. /МИА

Вардар против Пјуник, Хонвед противник на Работнички, Шкупи против славниот Глазгов Р. во 1. коло од Лигата на Европа

 Вардар за противник во 1. квалификациско коло во Лигата на Европа ќе го има тимот на Пјуник од Ерменија.

Ова е резултат на ждрепката која денеска се одржа во седиштето на УЕФА во Нион.

Првиот натпревар треба да се игра на 12 јули во Ереван, а на реваншот седум дена подоцна, Вардар да биде домаќин. 

До сега Вардар нема играно официјален европски натпревар против тим кој доаѓа од Ерменија, додека Пјуник два пати ги има одмерено силите со македонски претставник, односно со Победа и со Тетекс, каде што два пати беше успешен. 

Унгарскиот Хонвед прв ривал на Работнички во ЛЕ

 Екипата на Хонвед е противник на Работнички во првото квалификациско коло од Лигата на Европа на УЕФА. Ова го одреди денешниот ждреб во Нион.

Првиот меч ќе се одигра на 12.јули во Будимпешта, додека реваншот треба да се одигра седум дена подоцна во Скопје.

Минатата сезона Хонвед го заврши на четвртото место во првенството на Унгарија. 

Шкупи го доби славниот Глазгов Ренџерс за ривал во квалификациите од ЛЕ

Трофејниот шкотски клуб Глазгов Ренџерс ќе му биде противник на Шкупи во првото квалификациско коло од фудбалската Лига Европа.

Првиот натпревар на 12 јули ќе се игра во Шкотска, а во реваншот домаќин ќе биде Шкупи.

Претходно на жрепката во седиштето на УЕФА во Нион, ривалите за првата рудна ги добија и другите два македонски претставника.

Вардар ќе игра со Пјуник од Ерменија, додека Работнички ќе се сретне со Хонвед од Унгарија. 

притисни ентер