Бекер: Тешко ми е да сфатам дека сум останат без пари

Поранешниот најдобар светски тенисер Борис Бекер ја потврди информацијата дека од пред неколку месеци е банкрот, односно дека на приватна британска банка и должи 3,5 милиони долари.
Но, тој напомена дека сепак неговите компании не се директно вклучени во тоа.
- Вистина е дека од 21 јуни сум во процес на банкрот, но погрешно е да се каже дека сум „скршен“. Во моментов се води стечаен процес против мене, но моите компании не се директно погодени со тоа. Имаме различни видувања за вкупниот износ на долгот. Моите адвокати подолг период се обидуваат да го решат проблемот со банката. Не сум останат без пари и немам објавено целосен банкрот. Можам да си платам хотел во Цирих, такси и слично, изјави Бекер.
Улогата на тренер на Новак Ѓоковиќ беше една од последните активности на Бекер во тенисот./МИА

СП 2018: Хрватскиот селектор го врати Калиниќ дома

 Атмосферата во хрватската репрезентација е малку нарушена и покрај рутинската победа над Нигерија на почетокот на Светското првенство. 

Хрватските медиуми објавија дека селекторот Златко Далиќ го отстранил од националниот тим Никола Калиниќ.

Оваа одлука на селекторот е резултат на одбивањето на Калиниќ да влезе во игра пет минути пред крајот на натпреварот со Нигерија.

- Златко Далиќ по натпреварот со Нигерија изјави дека нема повредени играчи, туку постојат само неколку мали „проблемчиња“. Тешко дека одбивањето на Калиниќ да влезе во игра може да се нарече „проблемчиња“, пишуваат хрватските медиуми.

Селектор Далиќ не сакаше да коментира за овој настан и се очекува својот став да го соопшти попладне на прес-конференција. 

Михајловиќ ќе биде новиот тренер на Ристовски во Спортинг

Српскиот фудбалски стручњак Синиша Михајловиќ се наоѓа во Лисабон каде се очекува во најскоро време да биде промовиран во нов тренер на Спортинг.

Поранешниот тренер на Торино и на српската репрезентација се договорил со португалскиот клуб на двегодишна соработка.

За Спортинг настапува македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски.

По бурната сезона „зелено-белите останаа без тренер, откако тимот го напушти Жорге Жезус, а исто така од Спортинг си заминаа и поголем број играчи. 

Мурињо: Англија мора да го порази Тунис, но исто така се зборуваше и за Бразил и Аргентина

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, смета дека репрезентацијата на Англија мора да го совлада Тунис на дуелот од Светското првенство 2018.

- Дали го гледавте Тунис како играше со Португалија. Искрено, не ми се допадна тој натпревар. Тунис по својот потенцијал и стил е сличен на Мароко. Англија треба да победи, но истото тоа важеше и за Бразил и за Аргентина. Мислам дека натпреварот ќе биде интересен, изјави Мурињо.

Натпреварот Тунис – Англија ќе се игра во Волгоград вечер со почеток во 20 часот.

Три часа претходно (од 17 часот) ќе почне другиот меч од 1.коло во Г-групата меѓу Белгија и Панама. 

притисни ентер