НБА: Голден Стејт се врати од -18 разлика против Вашингтон

Актуелниот НБА шампион Голден Стејт ноќеска тешко стигна до четвртата победа сезонава.
Противникот Вашингтон во третиот период во неколку наврати имаше 18 поени предност. Сепак шампионот предводен од Кевин Дјурант, кој постигна 31 поен успеа да направи пресврт и да го добие дуелот.

Минесота славеше домашна победа над фаворизираниот тим на Оклахома Сити, а Карл-Ентони Тоунс реализираше 33 поени. Хјустон предводен од Џејмс Харден, кој оствари „трипл дабл“ (прв сезонава): 27 поени, 10 скокови и 11 асистенции славеше победа на гостувањето кај Шарлот, додека Сан Антонио го „запиша“ првиот пораз на гостувањето кај Орландо.

Првата победа ноќеска ја постигна Њујорк, благодарение на серија од 25:6 против Бруклин во третиот период.

Резултати:

Шарлот - Хјустон 93:109,

Орландо - Сан Антонио 114:87,

Атланта - Денвер 100:105,

Њујорк - Бруклин 107:86,

Минесота - Оклахома Сити 119:116,

Голден Стејт - Вашингтон 120:117 и

ЛА Лејкерс - Торонто 92:101. 

Бабунски: Со верба во себе можеме да бидеме успешни со Пјуник

Тренерот на Вардар, Бобан Бабунски ги искажа своите први импресии после вчерашната ждрепка во УЕФА која го додели Пјуник за противник на „црвено-црните“ во првото квалификациско коло од Лигата на Европа.

- Нема слаби противници, знаејќи го квалитетот на ерменските интернационалци Хамбарџумјан и на Барсегјан кои беа и се главни играчи во Вардар, нашиот противник сигурно ќе го има нашиот респект. Треба да ја гледаме нашата игра и идеја која ја спроведуваме на овие подготовки, и потоа да ја играме на двата натпревари. Од играчите ќе барам да бидат максимално подготвени, и да веруваат во своите квалитети како би ја минале првата пречка во Европа, вели Бабунски во изјавата за клупскиот сајт на „црвено-црните“.

Вардар на првиот дуел ќе гостува во Ерменија на 12 јули во Ереван, седум дена подоцна е реваншот во Скопје.

Емре Џан на медицински тестови во Торино пред потпишување на договор со Јувентус

Италијанскиот фудбалски шампион Јувентус објави на Твитер дека играчот од средниот ред Емре Џан допатувал во Торино.

Се очекува за многу скоро време 24-годишниот германски фудбалер да потпише договор со „Старата дама“.

Последниот клуб на Џан беше Ливерпул. Тој за „црвените“ играше во периодот 2014-2018 година. Од почетокот на овој месец го напушти „Енфилд“ како слободен агент. 

Здружението на кошаркари дава поддршка на предлогот за намалувањето на бројот на странски играчи

Здружение на кошаркарски играчи изразува целосна поддршка на финалниот предлог на Македонската кошаркарска федерација во однос на намалувањето на бројот на странски играчи.

МКФ предложи намалување на странците од шест на четири со задолжителен настап на тројца Македонци во игра за следната сезона во Македонската кошаркарска прва лига.

- Сметаме дека раководството на Федерацијата презема еден важен чекор за подобрување на статусот на домашните кошаркари, како и на македонската кошарката во целост. Сакаме да го поздравиме ваквиот потег, но и да потсетиме дека остануваат и други чекори кои според нас се неопходни за подигнување на квалитетот на сениорските лиги и подобрување на условите за тренинг и натпревари. Ваквите промени, се надеваме дека ќе ги поттикне Прволигашите да почнат посериозно да инвестираат во младите играчи, и ќе превземаат низа мерки како би го олесниле процесот на нивно усовршување и спортски напредок, се вели во соопштението на Здружението на македонски кошаркари. 

притисни ентер