Светската шампионка во спуст се повреди

Словенечката скијачка Илка Штухец може да ја пропушти целата сезона во алпското скијање поради повреда на коленото.

Актуелната светска шампионка во спуст ги скина предните вкрстени лигаменти на левото колено за време на денешниот тренинг на Австриските Алпи., соопшти штабот на Словенката.
- Во оваа фаза се чини дека Илка Штухец ќе го пропушти поголемиот дел, а можеби и целата сезона, вклучувајќи ја и Зимската Олимпијада во Пјоннџанг, рече портпаролот на натпреварувачката Тилен Ламут.
Сезоната во алпско скијање стартува следниот викенд во Золден, Австрија.
притисни ентер