Видео: Орландо подобар од Мајами во дербито на Флорида

Орландо го победи Мајами со 116:109 во еден од 11-те ноќешни натпревари во НБА лигата.
До триумфот во дербито на Флорида, Орландо беше предводен од Еван Фурние кој постигна 23 поени и Никола Вучевиќ со дабл-дабл учинок 19 поени и 13 скока.

Најефикасниот меч го одиграа Индијана и Бруклин. Двете екипи вкупно постигнаа 271 поен, а победи Индијана со 140:131.

На другите натпревари: Детроит – Шарлот 102:90, Вашингтон – Филаделфија 120:115, Бостон – Милвоки 100:108, Мемфис – Њу Орлеанс 103:91, Далас – Атланта 111:117, Јута – Денвер 106:96, Сан Антонио – Минесота 107:99, Феникс – Портланд 76:124 и Сакраменто – Хјустон 100:105. 

Бабунски: Со верба во себе можеме да бидеме успешни со Пјуник

Тренерот на Вардар, Бобан Бабунски ги искажа своите први импресии после вчерашната ждрепка во УЕФА која го додели Пјуник за противник на „црвено-црните“ во првото квалификациско коло од Лигата на Европа.

- Нема слаби противници, знаејќи го квалитетот на ерменските интернационалци Хамбарџумјан и на Барсегјан кои беа и се главни играчи во Вардар, нашиот противник сигурно ќе го има нашиот респект. Треба да ја гледаме нашата игра и идеја која ја спроведуваме на овие подготовки, и потоа да ја играме на двата натпревари. Од играчите ќе барам да бидат максимално подготвени, и да веруваат во своите квалитети како би ја минале првата пречка во Европа, вели Бабунски во изјавата за клупскиот сајт на „црвено-црните“.

Вардар на првиот дуел ќе гостува во Ерменија на 12 јули во Ереван, седум дена подоцна е реваншот во Скопје.

Емре Џан на медицински тестови во Торино пред потпишување на договор со Јувентус

Италијанскиот фудбалски шампион Јувентус објави на Твитер дека играчот од средниот ред Емре Џан допатувал во Торино.

Се очекува за многу скоро време 24-годишниот германски фудбалер да потпише договор со „Старата дама“.

Последниот клуб на Џан беше Ливерпул. Тој за „црвените“ играше во периодот 2014-2018 година. Од почетокот на овој месец го напушти „Енфилд“ како слободен агент. 

Здружението на кошаркари дава поддршка на предлогот за намалувањето на бројот на странски играчи

Здружение на кошаркарски играчи изразува целосна поддршка на финалниот предлог на Македонската кошаркарска федерација во однос на намалувањето на бројот на странски играчи.

МКФ предложи намалување на странците од шест на четири со задолжителен настап на тројца Македонци во игра за следната сезона во Македонската кошаркарска прва лига.

- Сметаме дека раководството на Федерацијата презема еден важен чекор за подобрување на статусот на домашните кошаркари, како и на македонската кошарката во целост. Сакаме да го поздравиме ваквиот потег, но и да потсетиме дека остануваат и други чекори кои според нас се неопходни за подигнување на квалитетот на сениорските лиги и подобрување на условите за тренинг и натпревари. Ваквите промени, се надеваме дека ќе ги поттикне Прволигашите да почнат посериозно да инвестираат во младите играчи, и ќе превземаат низа мерки како би го олесниле процесот на нивно усовршување и спортски напредок, се вели во соопштението на Здружението на македонски кошаркари. 

притисни ентер