Убедлива победа за шахистите на Алкалоид, а висок пораз на Гамбит Асеко

Македонските екипи Алкалоид и Гамбит Асеко на Европскиот клупски куп што се игра во Анталија во рамките на 4.коло имаа променлив успех.

Европскиот првак Алкалоид ја победи француската екипа Ница со 5:1, додека Гамбит Асеко загуби од руската екипа Глобус со 5,5:0,5.

Екипата на Алкалоид забележа пет победи, а триумфи остварија: Динг Лирен, Дмитри Андрејкин, Ју Јангји, Димитри Јаковенко и Јури Криворучко, додека мечот на втората табла го загуби Павел Ељанов.

Во убедливиот пораз на Гамбит Асеко единственото реми го одигра Марјан Митков, додека порази претрпеа: Петар Арнаудов, Никола Николовски, Богдан Подлесник, Орце Данчевски и Дејан Динев./МИА

Конференција во Брисел: Проширувањето на ЕУ е геополитички императив

„Она што треба да го направиме во наредните години е постепено да ги интегрираме оние земји кои се на пат кон европска интеграција. 

Проширувањето на ЕУ е геополитички императив, но мора да се заснова на заслуги, се согласија денеска учесниците на конференцијата „Проширување и продлабочување на Унијата: Што е влогот за ЕУ ​​и граѓаните на ЕУ на следното свикување на Парламент“, што се одржа во Брисел во организација на Европскиот парламент и на Европскиот универзитетски институт од Фиренца.

Учесниците на дискусијата за очекувањата од процесот на проширување во периодот од 2024 до 2029 година се залагаа за постепена интеграција на земјите кандидати во ЕУ и ја истакнаа важноста од целосно усогласување со надворешната и безбедносната политика на ЕУ.

„Она што треба да го направиме во наредните години е постепено да ги интегрираме оние земји кои се на пат кон европска интеграција. Тоа значи дека целта е да се подобри политичкото здружување и економската интеграција на земјата што е можно повеќе пред формалниот пристап“, рече претседателот на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер.

Тој посочи дека токму тоа е целта на Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан, на кој на регионот му се нудат шест милијарди евра дополнителна финансиска помош.

Вучиќ со Лајчак за зголемените предизвици со кои се соочува Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Мостар, каде што е во посета, се сретна со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, со кого, како што рече, имал „отворен и конкретен разговор“.

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Мостар, каде што е во посета, се сретна со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, со кого, како што рече, имал „отворен и конкретен разговор“ за растечките предизвици со кои се соочува Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

-Уште еден отворен и конкретен разговор со Мирослав Лајчак за растечките предизвици пред нас, положбата на српскиот народ, настаните на Косово и Метохија и се помалиот простор за решавање на отворените прашања преку конструктивен дијалог и почитување на меѓународното право, напиша Вучиќ на неговиот Инстаграм профил.

Вучиќ повторил оти Србија „упорно продолжува да води одговорна и сериозна политика на зачувување на мирот и стабилноста“, како и нагласил дека за Србија „нема повлекување или компромис“ кога станува збор за безбедноста на српската народот и заштитата на националните интереси.

Британците планираат трајно да забранат купување цигари

Членовите на британскиот парламент денеска ќе гласаат за предлогот на премиерот Риши Сунак за трајна забрана за купување цигари на сегашните 15-годишници и помлади.

Иако се очекува мерката да помине, планот на Сунак да наметне едно од најстрогите правила против пушењето налути некои членови на неговата владејачка Конзервативна партија, вклучително и поранешните премиери Борис Џонсон и Лиз Трус, кои тврдат дека државата не треба да диктира како луѓето треба да го водат својот живот.

Пратениците ќе гласаат за предлог-законот како што сакаат, што значи дека не треба да гласаат по партиска линија. Сличен закон во Нов Зеланд беше отфрлен од новата коалициска влада пред да стапи на сила оваа година.

Силното противење на најавената мерка во рамките на конзервативците ќе му нанесе уште еден удар на Сунак, кој веќе е на удар на критиките од сопствената партија за прашања кои се движат од климатските промени до одбранбената политика.

Според предлог-законот, на децата родени во 2009 година и подоцна ќе им биде забрането легално да купуваат тутунски производи бидејќи, како што тврди Сунак, „може да се спречи единствената најголема причина за лошо здравје, инвалидитет и смрт“.

Планот на Сунак има поддршка од медицински експерти и добротворни организации кои велат дека 80.000 луѓе годишно умираат од пушење и многу повеќе од болести поврзани со пушењето.

Конзервативниот пратеник Сајмон Кларк верува дека забраната може да се покаже како контрапродуктивна.

„Се плашам дека забраната ќе го направи пушењето уште попривлечно и секако постои ризик од создавање црн пазар и незамислив предизвик за властите“, рече Кларк.

И покрај критиките, се очекува предлог-законот да помине. Лабуристите најавија дека ќе го поддржат.

Извор: Индекс.хр

притисни ентер