Македонци го истрчаа маратонот во Чикаго

Тројца маратонци од Македонија вчера ја истрчаа патеката долга 42 километри на јубилејната маратонска трка во Чикаго .

Вчера на улиците на Чикаго се трчаше јубилејниот 40. маратон . Патеката ја истрчаа над 46.000 маратонци од повеќе од 100 земји. Македонија имаше тројца претставници: Атанас Наумов, Ангел Арнаудов и Стевица Чарапиќ. Тројцата успешно ја завршија трката, а најдобар резултат забележа Наумов, кој го истрча за 3 часа, 36 минути и 28 секунди. Речиси еден час послабо време имаа Арнаудов и Чарапиќ.

На Атанас и на Ангел ова им е четврти медал од настапите на еден од шесте најголемите светски маратони (Њујорк, Лондон Берлин и Чикаго), а им останува да ги истрчаат уште маратоните во Токио и Бостон.

Бабунски: Со верба во себе можеме да бидеме успешни со Пјуник

Тренерот на Вардар, Бобан Бабунски ги искажа своите први импресии после вчерашната ждрепка во УЕФА која го додели Пјуник за противник на „црвено-црните“ во првото квалификациско коло од Лигата на Европа.

- Нема слаби противници, знаејќи го квалитетот на ерменските интернационалци Хамбарџумјан и на Барсегјан кои беа и се главни играчи во Вардар, нашиот противник сигурно ќе го има нашиот респект. Треба да ја гледаме нашата игра и идеја која ја спроведуваме на овие подготовки, и потоа да ја играме на двата натпревари. Од играчите ќе барам да бидат максимално подготвени, и да веруваат во своите квалитети како би ја минале првата пречка во Европа, вели Бабунски во изјавата за клупскиот сајт на „црвено-црните“.

Вардар на првиот дуел ќе гостува во Ерменија на 12 јули во Ереван, седум дена подоцна е реваншот во Скопје.

Емре Џан на медицински тестови во Торино пред потпишување на договор со Јувентус

Италијанскиот фудбалски шампион Јувентус објави на Твитер дека играчот од средниот ред Емре Џан допатувал во Торино.

Се очекува за многу скоро време 24-годишниот германски фудбалер да потпише договор со „Старата дама“.

Последниот клуб на Џан беше Ливерпул. Тој за „црвените“ играше во периодот 2014-2018 година. Од почетокот на овој месец го напушти „Енфилд“ како слободен агент. 

Здружението на кошаркари дава поддршка на предлогот за намалувањето на бројот на странски играчи

Здружение на кошаркарски играчи изразува целосна поддршка на финалниот предлог на Македонската кошаркарска федерација во однос на намалувањето на бројот на странски играчи.

МКФ предложи намалување на странците од шест на четири со задолжителен настап на тројца Македонци во игра за следната сезона во Македонската кошаркарска прва лига.

- Сметаме дека раководството на Федерацијата презема еден важен чекор за подобрување на статусот на домашните кошаркари, како и на македонската кошарката во целост. Сакаме да го поздравиме ваквиот потег, но и да потсетиме дека остануваат и други чекори кои според нас се неопходни за подигнување на квалитетот на сениорските лиги и подобрување на условите за тренинг и натпревари. Ваквите промени, се надеваме дека ќе ги поттикне Прволигашите да почнат посериозно да инвестираат во младите играчи, и ќе превземаат низа мерки како би го олесниле процесот на нивно усовршување и спортски напредок, се вели во соопштението на Здружението на македонски кошаркари. 

притисни ентер