Приведен селекторот на Северна Ирска, О‘Нил

Селекторот на фудбалската репрезентација на Северна Ирска, Мајкл О‘Нил е приведен поради возење под дејство на алкохол, пренесува Би-Би-Си.
Според информацијата, тој е приведен во неделата во Единбург.

Шкотската полиција го привела О‘Нил, а тој треба пред судот да се појави на 10 октомври, два дена по натпреварот од квалификациите против Норвешка.
Фубалскиот сојуз на Северна Ирска истакна дека е запознат со случајот и дека е тоа работа на полицијата.

Под водство на О‘Нил репрезентацијата на Северна Ирска беше учесник на Европското првенство 2016 година во Франција, а тој е 5,5 години на селекторската позиција./МИА.

Манчестер Јунајтед одигра нерешно на првиот контролен натпревар во САД

Манчестер Јунајтед ја стартуваше претсезонската турнеја во САД со реми 1:1 против мексиканскиот клуб Америка. 

Дуелот помеѓу двата тима се одигра во Глендејл, Аризона, а „црвените ѓаволи“ беа без голем дел од главните фудбалери.

Учесниците на Светското првенство 2018 (12 на број) не патуваа во САД, додека проблемите со визите го одложија приклучувањето на Алексис Санчез. И новото засилување Фред не учестваше во натпреварот. Недостатокот на ѕвезди и високите цени на билетите ја одвратија публиката, па стадионот беше полупразен.

Резултатот го открија Мексиканците по час игра, преку напаѓачот Хенри Мартин, кој постигна гол со глава против дебитантот Ли Грант. Во 78-та Јунајтед стигна до реми преку Хуан Мата, кој реализираше одблизу, откако претходно топката се одби од гредата.

Следната проверка на Манчестер Јунајтед е на 23 јули, а ривал на тимот на Жозе Мурињо ќе биде Сан Хозе. /МИА

Клоп за Алисон: Привлековме еден од најдобрите голмани

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп откри како се дошло до рекордниот трансфер на бразилскиот голман Алисон Бекер на „Енфилд“. 

Преговорите започнаа пред само неколку недели, а цената не била особено важна, бидејќи на Ливерпул му беше потребна класа голман на овој пост. 

На крајот, Бразилецот беше привлечен за 62,5 милиони евра плус 10 милиони евра во форма на бонуси за изведба.

- Само пред неколку недели се отвори можност да привлечеме еден од најдобрите голмани во светот. Не губевме време за да склучиме договор. Зборувавме со сопствениците на клубот и тие дадоа зелено светло за трансферот. Цената се одредува од пазарот, не можеме ние да влијаеме на тоа. Ова покажува колку е важна голманската позиција во денешно време, изјави Клоп.

Германскиот стратег додаде дека новиот чувар на мрежата на „црвените“ се претставил на високо ниво во Рома и Светското првенство, но и дека следи период на адаптација за Алисон, за кого ова е „нов свет“. /МИА

Вардар елиминиран од Пјуник уште во првото коло

 Вардар уште во првото коло ги заврши натпреварите од квалификациите за Лига Европа, откако на двата натпревари беше совладан од ерменски Пјуник.

Македонскиот клуб со негатива од еден гол (1:0) се врати од Ереван, а вечерва по едно полувреме без голови, во Скопје повторно беше поразен со 0:2 од Пјуник.

И покрај неколкуте обиди фудбалерите на Вардар не успеаја да ја анулираат предноста на гостите и во финишот на натпреварот за четири минути примија два гола.

Стрелец на двата гола за Пјуник беше Бакар Балде и тоа во 85-та минута погоди за водство од 0:1, а потоа во 89-та минута ги постави конечните 0:2.

Вардар откако минатата сезона се избори за настап во групната фаза од Лига Европа, оваа година е елиминиран уште на самиот почеток.

притисни ентер