Европскиот првак Шпанија прв полуфиналист на Евробаскет 2017

Европскиот шампион во кошарка селекцијата на Шпанија е првиот полуфиналист на Евробаскет 2017 откако во првото четвртфинале вечерва ја совлада Германија со 84:72.
Резултат по четвртини: 16:19; 18:14; 31:20 и 19:19.

Германија подобро го почна натпреварот и во петтата минута имаше водство од 11:2, па селекторот на „црвената фурија“ Серџио Скариоло беше принуден да побара тајм аут. Неговата селекција до крајот на периодот успеа да ја намали предноста на ривалот. Во второто полувреме Шпанија одигра ефикасено пред се во нападот и постигна 50 поени што беше клуч за победата.

Најефикасни кај победникот беа браќата Гасол, Марк реализираше 28 поени, а Пау 19. Кај Германија најпрецизен беше Денис Шредер со 27 поени.

Во второто четвртфинале вечерва од 20:30 часот играат Словенија - Летонија и во четврток Шпанија со победникот од овој дуел ќе игра во полуфиналето.
На програмата утре се четвртфиналните натпревари: Грција - Русија и Италија - Србија./МИА.

Манчестер Јунајтед одигра нерешно на првиот контролен натпревар во САД

Манчестер Јунајтед ја стартуваше претсезонската турнеја во САД со реми 1:1 против мексиканскиот клуб Америка. 

Дуелот помеѓу двата тима се одигра во Глендејл, Аризона, а „црвените ѓаволи“ беа без голем дел од главните фудбалери.

Учесниците на Светското првенство 2018 (12 на број) не патуваа во САД, додека проблемите со визите го одложија приклучувањето на Алексис Санчез. И новото засилување Фред не учестваше во натпреварот. Недостатокот на ѕвезди и високите цени на билетите ја одвратија публиката, па стадионот беше полупразен.

Резултатот го открија Мексиканците по час игра, преку напаѓачот Хенри Мартин, кој постигна гол со глава против дебитантот Ли Грант. Во 78-та Јунајтед стигна до реми преку Хуан Мата, кој реализираше одблизу, откако претходно топката се одби од гредата.

Следната проверка на Манчестер Јунајтед е на 23 јули, а ривал на тимот на Жозе Мурињо ќе биде Сан Хозе. /МИА

Клоп за Алисон: Привлековме еден од најдобрите голмани

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп откри како се дошло до рекордниот трансфер на бразилскиот голман Алисон Бекер на „Енфилд“. 

Преговорите започнаа пред само неколку недели, а цената не била особено важна, бидејќи на Ливерпул му беше потребна класа голман на овој пост. 

На крајот, Бразилецот беше привлечен за 62,5 милиони евра плус 10 милиони евра во форма на бонуси за изведба.

- Само пред неколку недели се отвори можност да привлечеме еден од најдобрите голмани во светот. Не губевме време за да склучиме договор. Зборувавме со сопствениците на клубот и тие дадоа зелено светло за трансферот. Цената се одредува од пазарот, не можеме ние да влијаеме на тоа. Ова покажува колку е важна голманската позиција во денешно време, изјави Клоп.

Германскиот стратег додаде дека новиот чувар на мрежата на „црвените“ се претставил на високо ниво во Рома и Светското првенство, но и дека следи период на адаптација за Алисон, за кого ова е „нов свет“. /МИА

Вардар елиминиран од Пјуник уште во првото коло

 Вардар уште во првото коло ги заврши натпреварите од квалификациите за Лига Европа, откако на двата натпревари беше совладан од ерменски Пјуник.

Македонскиот клуб со негатива од еден гол (1:0) се врати од Ереван, а вечерва по едно полувреме без голови, во Скопје повторно беше поразен со 0:2 од Пјуник.

И покрај неколкуте обиди фудбалерите на Вардар не успеаја да ја анулираат предноста на гостите и во финишот на натпреварот за четири минути примија два гола.

Стрелец на двата гола за Пјуник беше Бакар Балде и тоа во 85-та минута погоди за водство од 0:1, а потоа во 89-та минута ги постави конечните 0:2.

Вардар откако минатата сезона се избори за настап во групната фаза од Лига Европа, оваа година е елиминиран уште на самиот почеток.

притисни ентер