Вардар пресилен за Мешков Брест

Вардар го победи Мешков Брест со убедливи 31:23 во дербито на 3. коло од регионалната ракометна СЕХА лига.
 „Црвено-црните" дури и полесно од очекувањата го запишаа третиот триумф во новата сезона и со максимален ефект останаа на врвот на табелата.
Одбраната на Вардар вечерва во СЦ „Јане Сандански“ беше клучот на успехот и во моменти кога ривалот се обидуваше да добие предност со играч повеќе во поле. Вардарци ја имаа контролата на резултатот во текот на целиот дуел, а гостите од Белорусија само во еден момент успеаја да се доближат на еден гол разлика (14:13). Тоа беше во самиот финиш на првото полувреме.

Следуваше тајм-аут на тренерот Раул Гонзлаес по што Вардар ја врати предноста од повеќе голови и на полувреме отиде со 17:13.

За 16 минути во второто полувреме Вардар постигна 9, а прими четири гола зголемувајќи го водството на 26:19. За пет минути тренерот на Мешков
двапати бараше тајам аут, но ништо не можеше да смени. Вардар одлично играше во одбрана и ја казнуваше секоја шанса што се укажуваше.

За добрата одбрана придонесе и Арпад Штербик кој имаше девет успешни одбрани вклучувајќи и седмерец, сите во вториот дел од средбата.

На крај може да се заклучи дека македонскиот и европски шампион имаше одлична проверка пред гостувањето кај Висла Плоцк во рамките од првото коло на Лигата на шампионите на 17 септмеври.

Наполи го претстави Карло Анчелоти за нов тренер

Италијанскиот фудбалски клуб Наполи го претстави Карло Анчелоти за нов тренер.

Фудбалскиот стручњак потпиша тригодишен договор вреден 6,5 милиони евра по сезона.

Претседателот на клубот Аурелио де Лаурентис пред неколку часа соопшти дека ја прекинале соработката со тренерот Маурицио Сари.

Анчелоти претходно беше тренер на Парма, Милан, Јувентус, Челзи, Реал Мадрид, ПСЖ и последно во Баерн Минхен. За него ова ќе биде прво враќање во Серија А по девет години.

Наполи заврши на второто место во Серија А  и следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите./МИА

Леконт: Ѓоковиќ веднаш требаше да го оперира лактот

Поранешниот француски тенисер Анри Леконт изјави дека проблемот на Новак Ѓоковиќ е од ментална природа и се забележува дека не ужива на теренот. 

Според Леконт, најдобриот српски тенисер донел лоша одлука кога станува збор за неговото лечење и веднаш требало да замине на операција на лактот.

- Проблемот на Ѓоковиќ е од ментална природа. Мора да бидете решителни и да уживате во процесот на враќање. Се сомневам дека тој ужива на теренот, а треба да верува и да си докаже на себеси дека тоа е можно. Тој е одличен играч и мора повторно да освојува големи натпревари, но факт е дека не се врати на вистинскиот начин, потенцира поранешниот француски тенисер.

Според него за Ѓоковиќ не би било добро повторно да соработува со Борис Бекер.

- Најголемата грешка на Ѓоковиќ беше тоа што премногу долго ја одложуваше операцијата  на лактот, истакна Леконт.

Ѓоковиќ по тешкиот старт во 2018 година и по разочарувачките резултати, конечно на турнирот во Рим почна да игра на повисоко ниво, но се уште далеку од неговите најдобри периоди./МИА

Наполи го отпушти тренерот Маурицио Сари

Италијанскиот фудбалски клуб Наполи го отпушти тренерот Маурицио Сари.

- Му благодариме на Маурицио Сари на драгоцената посветеност во Наполи, кој на овој град и навивачите ширум светот им донесе убави емоции и престиж, создавајќи стил на игра на кој му се воодушевуваа сите, напиша претседателот на клубот Аурелио де Лаурентис.

Фудбалскиот стручњак ќе добие обесштетување од половина милион евра, бидејќи Наполи му врачи отказ пред први јуни.

Сари е прв кандидат да го наследи Антонио Конте во Челзи, а на неговото место во Наполи треба да дојде Карло Анчелоти. Се очекува Анчелоти наскоро и официјално да биде претставен како нов тренер на Наполи./МИА

притисни ентер