Евробаскет 2017: Србија подобра од ко-домаќинот Турција

Кошаркарите на Србија ја победија Турција со 80:74 во дербито на групата Д од Европското првенство 2017.
За српскиот национален тим ова беше втора победа, додека за Турците кои се еден од четирите домаќини на шампионатот ова беше втор пораз по три одиграни кола.

Со максимален ефект во оваа група продолжува Русија која беше подобра од Белгија.

Резултати од 3.коло во Ц и Д групите:

Ц-група: Унгарија - Чешка 85:73, Црна Гора - Хрватска 72:76, Шпанија - Романија 91:50.
Табела: Шпанија 3-0 (победи-порази), Хрватска 3-0, Црна Гора 1-2, Унгарија 1-2, Чешка 1-2, Романија 0-3.

Д-група: Белгија - Русија 67:76, Летонија - Велика Британија 97:92, Србија - Турција 80:74.
Табела: Русија 3-0 (победи-порази), Летонија 2-1, Србија 2-1, Турција 1-2, Белгија 1-2, Велика Британија 0-3.

Во текот на денешниот ден ќе се играат натпреварите од 4.коло во сите четири групи./МИА

СП 2018: Швајцарија ја совлада Србија

Швајцарија ја совлада Србија со 2:1 во натпревар од групата Е на Светското првенство во Русија.

Во возбудливиот натпревар со сериозни шанси на двете страни, српската репрезентација дојде до водство од 0:1 со голот на Александар Митровиќ во петта минута, резултат со кој се замина на паузата.

Во почетокот на вториот дел Гранит Џака беше прецизен и Швајцарија во 52-та минута израмни на 1:1.

Швајцарската репрезентација со голот на Џердан Шакири во 90-та минута дојде до победа од 2:1.

Во оваа група Бразил и Швајцарија сега имаат по четири бода, Србија има три, додека Костарика остана без бодови и без шанси за натамошен пласман./МИА

СП 2018: Ахмед Муса и донесе победа на Нигерија против Исланд

Нигерија убедливо со 2:0 го совлада Исланд во натпревар од групата Д на Светското првенство во Русија.

За нигериската репрезентација ова е прва победа на Мундијалот, а стрелец на двата гола беше Ахмед Муса.

Нигериските фудбалери одиграа одличен натпревар, особено во вториот дел кога притисокот на голот на Исланд беше постојан и беа постигнати двата гола во 49 минута и 75 минута.

Нигерија со овие три бода останува во игра за нокаут фаза, а шанси имаат и Аргентина и Исланд, бидејќи за второто место во оваа група ќе се решава во последното коло.

СП 2018: Бразил во финишот ја совлада Костарика

Бразил во судиското надополнување ја совлада Костарика со 2:0 во натпревар од групата Е на Светското првенство во Русија.

Филипе Кутињо во 91-та минута беше прецизен за водство од 1:0 на бразилската репрезентација, а Нејмар во 97-та минута ја потврди победата и постигна гол за конечни 2:0.

Иако Бразилците влегоа како фаворити во натпреварот, многу потешко од очекуваното дојдоа до значајната победа и до трите бода.

Во второто полувреме интересен беше и моментот кога судијата досуди пенал за Бразил, откако Нејмар падна во шеснаесетникот на Костарика. Но, по консултација со ВАР системот ја поништи својата одлука.

Бразил сега има четири бода, додека Костарика остана без бодови и без шанси за натамошен пласман.

Во оваа група вечерва ќе играат Србија и Швајцарија./МИА

притисни ентер