Месина: Новиот календар на ФИБА ги понижува играчите

Селекторот на Италија, Еторе Месина смета дека новиот ФИБА многу погрешила со новиот систем за квалификација за Светското првенство 2019 година.
Тој изјави дека селекторите во иднина можат да имаат проблеми со изборот на кошаркарите, а некои играчи можат да бидат доведени во понижувачка ситуација.

- Ситуацијата е таква што ако сте дел од НБА или Евролигата, не можете да биде истовремено и дел од националниот тим. Читам што мислат и другите тренери за тоа, а исто и играчите. Никој не е среќен, а никој од нас не можеме да влијаеме на одлуката на ФИБА околу календарот на натпревари.
Месина посебно се осврна на делот кога ќе треба да се селектираат играчите.

- Ќе биде тешка ситуација кога селекторите ќе треба да ги изостават оние кои избориле пласман на Светско првенство и да повикаат други кошаркари кои не биле во можност да играат во квалификациите. Тоа е понижувачки за играчите. Играте за вашата земја изборувате пласман на големо натпреварување и потоа доаѓаат некои нови момци да играат на тој настан. Баш сум љубопитен да видам што е следно што ќе се случува. 

СП 2018: Швајцарија ја совлада Србија

Швајцарија ја совлада Србија со 2:1 во натпревар од групата Е на Светското првенство во Русија.

Во возбудливиот натпревар со сериозни шанси на двете страни, српската репрезентација дојде до водство од 0:1 со голот на Александар Митровиќ во петта минута, резултат со кој се замина на паузата.

Во почетокот на вториот дел Гранит Џака беше прецизен и Швајцарија во 52-та минута израмни на 1:1.

Швајцарската репрезентација со голот на Џердан Шакири во 90-та минута дојде до победа од 2:1.

Во оваа група Бразил и Швајцарија сега имаат по четири бода, Србија има три, додека Костарика остана без бодови и без шанси за натамошен пласман./МИА

СП 2018: Ахмед Муса и донесе победа на Нигерија против Исланд

Нигерија убедливо со 2:0 го совлада Исланд во натпревар од групата Д на Светското првенство во Русија.

За нигериската репрезентација ова е прва победа на Мундијалот, а стрелец на двата гола беше Ахмед Муса.

Нигериските фудбалери одиграа одличен натпревар, особено во вториот дел кога притисокот на голот на Исланд беше постојан и беа постигнати двата гола во 49 минута и 75 минута.

Нигерија со овие три бода останува во игра за нокаут фаза, а шанси имаат и Аргентина и Исланд, бидејќи за второто место во оваа група ќе се решава во последното коло.

СП 2018: Бразил во финишот ја совлада Костарика

Бразил во судиското надополнување ја совлада Костарика со 2:0 во натпревар од групата Е на Светското првенство во Русија.

Филипе Кутињо во 91-та минута беше прецизен за водство од 1:0 на бразилската репрезентација, а Нејмар во 97-та минута ја потврди победата и постигна гол за конечни 2:0.

Иако Бразилците влегоа како фаворити во натпреварот, многу потешко од очекуваното дојдоа до значајната победа и до трите бода.

Во второто полувреме интересен беше и моментот кога судијата досуди пенал за Бразил, откако Нејмар падна во шеснаесетникот на Костарика. Но, по консултација со ВАР системот ја поништи својата одлука.

Бразил сега има четири бода, додека Костарика остана без бодови и без шанси за натамошен пласман.

Во оваа група вечерва ќе играат Србија и Швајцарија./МИА

притисни ентер