Тотенхем победнички ја почна новата сезона во Премиер лигата

Актуелниот англиски вицепрвак Тотенхем со победа ја започна новата сезона во Премиер лигата.
Во натпревар од првото коло одигран попладнево Тотенхем на гостински терен го победи Њукасл со 2-0.

Откако во првиот дел мрежите мируваа во вториот гостите од Лондон постигнаа два гола.

Првиот беше дело на Деле Али во 61.минута, а девет минути подоцна (70) Бен Дејвис ги постави конечните 2-0 за Тотенхем.

За утре закажани се дуелите, Њукасл – Тотенхем.

Во последниот меч од воведното коло Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ ќе го пречека тимот на Вест Хем. /МИА

СП 2018: Кејн во финишот и донесе победа на Англија против Тунис

 Англија со гол во судиското надополнување го совлада Тунис со 2:1 во вториот натпревар од групата Г на Светското првенство во Русија.

Англичаните во првиот дел ја оправдаа фаворитската улога и доминираа на теренот, при тоа имаа неколку сериозни шанси за погодок.

Англија со голот на Хари Кејн во 18-та минута поведе со 1:0. Меѓутоа, Тунис иако потешко доаѓаше до контрола на топката успеа во 35 минута со гол од пенал, кој успешно го реализираше Ферјани Саси, да израмни на 1:1.

Англиската репрезентација и во вториот дел продолжи со притисокот врз голот на Тунис, но изостануваше реализација се до 91-та минута кога Кејн повторно беше прецизен и донесе победа од 2:1.

Во првиот натпревар од оваа група Белгија убедливо ја совлада Панама со 3:0. 

СП 2018: Белгија убедливо ја совлада Панама

Белгија убедливо ја совлада Панама со 3:0 во првиот натпревар од групата Г на Светското првенство во Русија.

Белгиската репрезентација доминираше на теренот во текот на целиот натпревар и без поголеми проблеми дојде до победа.

Првиот гол во 47 минута го постигна Дрис Мертенс, а потоа Ромелу Лукаку прво во 68 минута зголеми на 2:0, а седум минути подоцна беше прецизен за конечни 3:0.

Во вториот натпревар од оваа група во Волгоград ќе се соочат Англија и Тунис. /МИА

СП 2018: Јеро: Имаме целосна доверба во Де Геа

Селекторот на шпанската репрезентација Фернандо Јеро изјави дека голманот Давид де Геа е смирен и сталожен по натпреварот со Португалија, во кој направи неколку грешки и прими три гола од португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо.

Соседското дерби меѓу Шпанија и Португалија заврши со реми 3:3.

- Забележав дека Давид е смирен и сталожен. Во него сите имаме целосна доверба. Тимот имаше еден слободен ден и морам да кажам дека играчите се поопуштени, истакна Јеро.

Шпанија следниот натпревар го игра на 20 јуни против Иран. /МИА

притисни ентер