Поделени седум сета медали на Светското првенство во атлетика

На Светското атлетско првенство што се одржува во Лондон, синоќа беа поделени седум сета на медали.
Кај дамите, Марија Лиситскена со прескокнати 203 сантиметар го освои златниот медал во скок во височина, пред Икраинката, Јулија Лавченко која прескокна 201 сантиметар.

Австралијката, Сало Персон која во Лондон, пред пет години освои злато на ОИ, сега на истиот стадион во трката на 200 метри со пречки го освои златото на Мундијалот и тоа со само 4.стотинки подобро време од Американката, Даун Харпер Нилсон.

Штафетата на САД во состав Браун,Феликс, Акиносун, Боуви го освои златото во трката 4х100 метри пред штафетата на Велика Британија и бронзената на Јамајка.

Затоа пак Британците се радуваа во машката штафетна трка 4х100 метри, во која Уџах, Џемили, Талбот, Мичел-Блејк до златото стигнаа до златото за 5.стотинки побрзо од Американците, додека бронзата ја освоија Јапонците.

Јамајка остана без медал иако беше фаворит и тоа поради повредата на легендарниот Јусеин Болд кој трчаше како последна измена, но поради повреда неславно ја заврши својата кариера.

Последната трка во кариерата ја имаше и Британскиот атлетичар Мохамед Фарах кој во трката на 5.000 местри заврши на 2.место зад Муктар Едрис од Етиопија.

Во фрлање копје, златото го освои Германецот, Јоханес Валтер со резултат 89,89 местри, додека во најтешката дисциплина десетобојот најмногу бодови освои Кевин Мајер од Франција.

Денеска на програмата се единаесет финални дисциплини. /МИА

СП 2018: Фаворитот Бразил одигра нерешено со Швајцарија

Уште еден од големите фаворити на Мундијалот во Русија забележа неуспешен старт. 

Бразил одигра само 1:1 против Швајцарија во натпревар од групата „Е“, во кој се уште Србија и Костарика. 

Филипе Кутињо реализираше по извонреден удар во 20-тата минута, но во 50-тата Стивен Цубер изедначи со главата. „Кариоките“ имаа претензии за прекршок од страна на Цубер при голот, но судиите не обрнаа внимание. 

Покрај тоа, Бразилците инсистираа и на пенал за Габриел Жезус во 73-тата минута, но овој протест исто така не вроди со плод.

Одличен натпревар одигра Нејмар, кој изгледа дека е целосно закрепнат од повредата. Напаѓачот на Пари Сен Жермен беше кошмар за играчите во црвено со неговите постојани пробиви, а Швајцарците постојано го фаулираа.

На крајот на краиштата, тактиката на „крстоносците“ им донесе важен бод во борба за пласман во елиминациската фаза. /МИА

СП 2018: Светскиот шампион на колена, Мексико со голема победа на стартот

Светскиот шампион Германија загуби 0:1 од Мексико на првиот меч од групата „Ф“ на Светското првенство на стадионот „Лужники“ во Москва. 

Ирвинг Лозано го постигна единствениот гол во 35-тата минута за Мексико. 

Бундестимот направи серија грешки во првото полувреме, а можеше да прими уште барем еден гол. 

По паузата, Германците заиграа посилно, но уште повеќе ја поставија својата одбранбена линија на проблеми. 

Во 89-тата минута, Јулијан Брант ја погоди гредата, а блиску до гол беа Марио Гомез и Јулијан Дракслер.

Вториот натпревар од групата помеѓу Јужна Кореја и Шведска се игра утре (18 јуни) од 14 часот. /МИА

Реал понудил 57 милиони евра за Алисон

Екипата на Реал Мадрид упатила прва понуда за голманот на Рома, Алисон и таа е во вредност од 57 милиони евра, тврди британското издание „Дејли Мејл“.

Според последните информации максимумот, кој „кралевите“ можат да го извадат за бразилскиот национален голман, е 60 милиони во европска валута плус опција за уште 10 милиони во форма на различни бонуси.

Весникот забележува дека договорот меѓу двата клуба тешко ќе се случи, бидејќи во моментов од Рома поставиле цена на својот голман од 85 милиони евра, а таа ќе се зголеми значително при силно претставување на Бразил за време на Мундијалот.

Од Мадрид ќе го почекаат крајот на Светското, за да видат дали ќе успеат да се договорат со „римските волци“ за намалување на цената.

Алтернативна опција за тимот е Тибо Куртоа од Челзи. /МИА

притисни ентер