Познати термините за мечевите на Вардар и Шкендија во Лига Европа

Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги објави термините на три од четирите натпревари кои македонските претставници Вардар и Шкендија ќе ги играат во плејофот за Лига Европа.
Првите средби на програмата се следниот четврток, 17 август, во Скопје и Милано.

Македонскиот шампион Вардар првиот меч против турскиот гигант Фенербахче ќе го игра на домешен терен на Националната арена „Филип Втори“ во терминот од 20 часот.

Шкандија, која ќе гостува на „Сан Сиро“ против Милан ќе го започне својот натпревар во терминот од 20 часот и 45 минути.

УЕФА го потврди и терминот на реваншот во Истанбул меѓу Фенербахче и Вардар, кој на 24 август ќе започне од 19 часот и 30 часот, додека се уште не е одредено времето за реваншот на Шкендија и Милан, кој ќе се игра истиот ден во Скопје. /МИА

Почна 46. Меѓународен Струшки ракометен турнир

Со натпреварот меѓу Железничар и Струга (25:20) на отвореното иргалиште „Женска плажа“ вечерва почна 46. Меѓународен ракометен турнир.

По завршувањето на натпреварот, присутните ги поздрави претседателот на РК Струга Наумче Мојсоски и го прогласи турнирот за отворен. Тој изрази надеж дека публиката во наредните четири дена ќе ужива во квалитетен ракомет.

Менаџерот на обложувалниците Моцарт, кои се генерален спонзор на турнирот, Васко Илиевски изрази задоволство за можноста да помогне во организацијата на оваа манифестација.

- Горди сме што успеавме сето ова да го направиме и на 46. Издание на Струшки ракометен турнир да се игра на оваа подлога  што ќе им овозможи на ракометарите успешни и супер интересни натпревари. Струга е ракометен град, а РК Струга секогаш бил расадник на добри ракометари. Се надеваме дека ова ќе помогне да излезат уште добри ракометари како што е Наумче Мојсоски, рече Илиевски.

Во тек е натпреварот Констанца - Алингсас, а потоа силите ќе ги одмерат Целје и Еурофар Работник. /MИА

Ѓоковиќ го „преживеа" Манарино за третото коло во Синсинати

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во третото коло на Мастерсот во Синсинати, откако со 2:1 во сетови го совлада францускиот тенисер Адријан Манарино.

Ѓоковиќ иако не играше на препознатливото ниво сепак по два часа и осум минути игра успеа да го победи францускиот тенисер.

Првиот сет со 4:6 му припадна на Манарино, а останатите два со 6:2 и 6:0 ги доби српскиот тенисер.

Ѓоковиќ во борбата за четвртфиналето ќе се соочи со подобриот од натпреварот меѓу бугарскиот тенисер Григор Димитров и германскиот тенисер Миша Зверев.

Македонските одбојкари со победа над Унгарија ги почнаа квалификациите за ЕП

Македонската одбојкарска репрезентација со победа над Унгарија ги почна квалификациите за Европското првенство.

Иако, Македонија водеше 0:2 во сетови на гостувањето во Будимпешта, сепак, до победа македонските одбојкари стигнаа по неизвесен финиш на натпреварот во пет сета.

Во третиот и во четвртиот сет по почетната предност на македонската репрезентација следуваше пад во играта и двата им припаднаа на унгарските одбојкари.

Избраниците на Никола Матијашевиќ во последниот сет на крајот стигнаа до 14:16 за конечна победа.

Најефикасен во македонската репрезентација беше капитенот Никола Ѓорѓиев со 40 поени.

Македонија е во квалификациската група Ф со Унгарија, Украина и Швајцарија.

Следниот натпревар македонските одбојкари го играат на 18 август на домашен терен со Украина, а потоа на 22 август ќе се соочат со Швајцарија. Последниот натпревар од августовскиот циклус е против Швајцарија на гостински терен на 25 август.

Македонските одбојкари последните два натпревара од квалификациите ги играат против Украина на гости на 5 јануари 2019 година и на домашен терен против Унгарија на 9 јануари, следната година.

На Европското првенство ќе се пласираат првопласираните осум селекции од секоја квалификациска група, како и петте најдобри второпласирани.

Првентството ќе се одржи следната година во септември во Франција, Холандија, Белгија и Словенија. 

притисни ентер