Полуфинални мечеви на скопскиот тениски фјучрс турнир

На терените на ТК „Тенис парк“ денеска ќе се одиграат полуфиналните мечеви во поединечна конкуренција. За влез во финалето ќе се борат четири играчи кои се рангирани како носители.
Првиот носител Давид Пихлер од Австрија ќе игра против третиот носител Нино Сердарушиќ од Хрватска, кој пак беше финалист на претходниот турнир во Скопје изминатиов викенд.

Во второто полуфинале ќе играат Цунг - Хуа Јанг од Тајпех, кој е носител број 4 и Унгарецот Виктор Филипенко, кој пак е носител број 7. Почетокот на двата меча е во 10 часот и ќе се играат на два терена со цел да се избегнат високите температури.

Во конкуренција на двојки турнирот заврши синоќа,а победа во финалето постигнаа вторите носители Дејн Пропоџиа од Австралија и Јанг, кои ги победија Николас Хортон од Австралија и Азиз Кијаметовиќ од Босна и Херцеговина. /МИА

Атлетико Мадрид негира дека добива понуди за Облак

Атлетико Мадрид досега не добил ниту една понуда за голманот Јан Облак, соопшти претседателот на клубот Енрике Сересо.

Во шпанските медиуми пред извесно време се појавија гласини дека словенечкиот голман летово ќе го напушти Атлетико, бидејќи добива голем број понуди од клубови кои се заинтересирани да ја платат неговата откупна клаузула од 100 милиони евра.

- Никој досега не ни испрати понуда за Облак. Уверени сме дека тој ќе биде значаен дел од нашиот тим во следниот период, истакна Сересо.

Облак во Атлетико дојде во 2014 година, а договорот му важи до 2021 година.

Васоски: Доволно сме квалитетни за да одиме понатаму

Вардар мора да победи против Пјуник во утрешниот реванш натпревар од првото коло, ако сака да продолжи во квалификациите за Лига Европа.

Македонскиот клуб имаа негатива од еден гол (1:0) по натпреварот одигран во Ереван.

Раководството на Вардар по натпреварот во Ерменија одлучи да го отпушти тренерот Бобан Бабунски, а на негово место го постави досегашниот помошник Александар Васоски.

- Имаме незгоден резултат по првиот натпревар, но убеден сум дека можеме да ја анулираме оваа негатива. Тоа што треба да го смениме од првиот натпревар е пристапот. Сега имаме 90 минути во кои нема да се залетаме од прва секунда во напад. Ќе мора да играме балансирано, да напаѓаме, но и да внимаваме на својот гол, затоа што на примен гол, ќе треба да дадеме три. Доволно сме квалитетни за да одиме понатака, истакна Васоски.

Тој не сакаше да ја коментира смената на неговиот претходник Бабунски. Натпреварот меѓу Вардар и Пјуник се игра утре од 19 часот во Скопје. 

Наполи нуди 45 милиони евра за Бензема

Екипата на Наполи подготвува понуда од 45 милиони евра за напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, објави „Кориере дело Спорт“.

Францускиот напаѓач е еден од главните трансфер цели на напаѓачот на Наполи, Карло Анчелоти.

Триесет годишниот напаѓач има договор со Реал Мадрид до летото 2021 година.

Во последната сезона тој постигна 12 гола и направи 11 асистенции во 47 натпревари за „кралевите“.

Веројатно новиот тренер на Реал Мадрид, Хулен Лопеги, нема ништо против продажбата на Бензема и привлекување на нов централен напаѓач. 

притисни ентер