Јуниорите изгубија од Португалија на ЕП Б-дивизија во Талин

Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија претрпе пораз вечерва од Португалија 78:69 во натпревар за пласман од 9-16.место на Европското првенство - Б дивизија што се игра во Талин, Естонија.
Резултат по четвртини: 26:18; 22:12; 11:19 и 19:20.

Послабото прво полувреме беше причина за поразот во овој дуел. Португалија првото полувреме го добија со резултат 42:30.

Најефикасен во нашата репрезентација беше Андреј Јордановски со 20 поени, додека по 12 постигнаа Кирил Панов и Павле Михалоски.

Македонија утре во натпревар за пласман од 13-16.место ќе игра против Шведска, која денеска загуби од Исланд 71:63.

Хенес за Озил: Се радувам дека се повлече, не игра ништо со години

Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес го нападна халфот на Арсенал, Месут Озил, кој вчера изненадувачки се повлече од репрезентацијата на Германија.

- Многу се радувам дека овој кошмар заврши. Тој не игра ништо со години. Последниот освоен дуел со него е пред Светското првенство во Бразил во 2014 година. А сега се сокри зад оваа слика (со турскиот претседател Ердоган -н.з.) за да ја оправда слабата игра. На Светското првенство во Русија никој не го постави прашањето зошто тој игра толку слабо, изјави Хенес пред „Билд“.

Хенес продолжи со нападите и за неговата презентација на клупско ниво.

- Секогаш кога сме играле против Арсенал, сме напаѓале во неговата зона, бидејќи сме свесни дека тој е нивната најслаба точка, вели претседателот на германскиот шампион.

Ливерпул пропуштил да го земе Алисон за многу помалку пари во 2015 година

 Вицешампионот на Европа, англиски Ливерпул даде 67 милиони фунти за привлекување на голманот Алисон, и логично, навивачите на „црвените“ се многу ентузијастички настроени поради неговото пристигнување.

Но, тие нема да бидат толку среќни кога ќе дознаат дека клубот можел да го привлече Алисон за само четири милиони фунти. Тоа било можно во јули 2015 година кога Ливерпул имал можност да го земе Бразилецот за само 3,1 милион фунти и дополнителни исплати од 900.000 од британската валута.

Тогаш агентот на играчот, Зе Марија Нејш, испратил детални информации за неговиот клиент во Ливерпул и неколку други тимови во Премиер лигата и Чемпионшип првенството.

Во тоа време Алисон веќе остави впечаток со настапите за младинските тимови на Бразил, но се уште немаше покажано што знае во Европа, поради што од Ливерпул се одлучиле да не ризикуваат со неговото привлекување. 

Манчестер Јунајтед со нов нерешен резултат во САД

 Манчестер Јунајтед не успеа да постигне гол против Сан Хозе, а контролата средба во Санта Клара заврши со 0:0.

„Црвените ѓаволи“ беа без голем дел од нивните главни фудбалери кои се на одмор по Мундијалот. Сепак, имиња како Алексис Санчез, Лук Шо и Ентони Марсиал беа на теренот.

Ерик Баи погоди пречка на почетокот на натпреварот, а подоцна Крис Вондоловски од МЛС тимот го направи истото.

Сан Хозе направи 15 замени во мечот, а за Јунајтед најлошиот момент дојде во првата половина кога капитенот Антонио Валенсија го напушти теренот повреден. 

- Тој е повреден и мора да се справиме со тоа. Минатата сезона тој имаше таква ситуација, а во оваа можеби ќе се случува почесто, прокоментира Жозе Мурињо по дуелот.

За Јунајтед, тоа беше втор нерешен резултат на два натпревари во САД, откако првиот заврши 1: 1 против мексиканскиот клуб Америка.

Во наредните денови, Давид де Хеа, Немања Матиќ и новиот додаток Фред, ќе се приклучат на тимот. 

притисни ентер