Македонските млади веслачи со помош на МОК ќе настапат на Светското првенство во Тракаи

Македонскиот олимписки комитет во соработка со Веслачката федерација на Македонија во целост ги покри сите финансиски трошоци за 5 члената млада македонска веслачка репрезентација во однос на нивното учество на младинското Светско првенство во Тракаи, Литванија.
На шампионатот кој започнува денеска и ќе трае се до недела, ќе учествуваат повеќе од 700 веслачи од 59 држави .

Младата македонска веслачка репрезентација е од 26 Јули во Тракаи каде учествуваше на кампот на Меѓународната веслачка федерација (ФИСА), а каде македонскиот тренер Марио Јованоски, помогнат од своите колеги од САД и Словенија, Џон Паркер и Јан Илар, заедно работеа на подобрување на формата и техниката на нашите млади спортисти.

Попладнево ќе се одржат и првите натпреварите на кои ќе ја видиме формата на младите македонски веслачи. 

Магдалена Карамитерска и Ксенија Крањевска ќе настапат во дубл скул, во дисциплината скиф ќе не претставуваат Ана Димоска во женска и Никола Аџиоски во машка конкуренција.

Бизарна трка во Лондон, водечката натпреварувачка застана без причина (видео)

Необична ситуација се случи на трката на 3.000 метри за жени на атлетскиот митинг во Лондон, откако водечката натпреварувачка на половина круг до целта едноставно престана да трча и застана.

Во трката, која не се бодуваше за од Дијамантската лига победи Лилијан Касаит Ренгерук од Кенија, иако водечка натпреварувачка беше Фанту Ворку од Етиопија која на 200 метри од целта застана како трката да завршила и да победила.

Атлетичарката како што подоцна беше утвдено не била ниту повредена, ниту пак имала некаков друг проблем, туку згрешила мислејќи дека трката е завршена.

По ова сите останати атлетичарки ја поминаа, а 19-годишната Ворку на крајот остана без пласман.

Легендарниот атлетичар Мајкл Џонсон, кој како стручен консултант ја коментираше трката за Би-Би-Си, наведе дека досега не видел такво нешто и дека е бизарно.

 

Тухел: Тимот не е комплетен и затоа не сум среќен

Фудбалерите на Пари Сен Жермен беа поразени со 3:1 од Баерн Минхен на Интернационалниот куп на шампионите во Клагенфурт.

Претходно, ПСЖ загуби и во пријателски натпревар со Шамбли, а новиот тренер на парискиот клуб Томас Тухел и тогаш настапи со комбиниран состав од млади и неискусни играчи.

Тухел уште извесен период нема да го има на располагање комплетниот состав, бидејќи Нејмар, Едисон Кавани и Килијан Мбапе, по настапот за нивните репрезентации на Светското првенство во Русија, сега се на одмор.

- Имаме исклучително силен напад со Нејмар, Кавани и Мбапе, па затоа и се радувам на идната соработка со нив. Но, ќе мора да почекаме уште малку, бидејќи доста играа на Светското првенство. За жал тие ќе доцнат, а првенството ќе почне рано. Секако дека не сум среќен поради тоа, истакна Тухел.

Додека не дојдат останатите главна ѕвезда во тимот е новиот голман Џанлуиџи Буфон.

За фудбалерите на ПСЖ француското првенство ќе започне на 12 август, а во првото коло ќе играат против Каен. /МИА

Пo само една година од породувањето Фрејзер-Прајс доминантна во Лондон

Атлетичарката од Јамајка, Шели-Ен Фрејзер-Прајс победи на трката на 100 метри на атлетскиот митинг од Дијамантската лига во Лондон.

Двојната олимписка и седумкратната светска шампионка минатиот август доби син, а само по една година повторно доминира на атлетските патеки.

Фрејзер-Прајс истрча истрча под 11 секунди (10,98) и зад себе ги остави Американката Дезереа Брајант со 11,04 секунди и сонародничката од Јамајка Џониел Смит со 11,07 секунди.

- Навистина сум возбудена и ова е прекрасно. Паузирав и не обрнував внимание за тоа што другите мислат за моето враќање. Продолжив напорно да работам, а Лондон е дефинитивно најдоброто место за победа и тоа со време по 11 секунди што е фантастично, истакна Фрејзер-Прајс.

Јамајканската атлетичарка досега вкупно на Олимписките игри има освоено шест медали, а на светските шампионати девет. /МИА

притисни ентер