Милан нуди 40 милиони евра за Ренато Санчез

Извршниот директор на Баерн Минхен, Карс Хајнц Румениге потврди дека Милан е заинтересиран за Ренато Санчез и дека двата клуба се во преговори, но сеуште немаат постигнато договор.
По ангажманот на Леонардо Бонучи, во тимот на Милан продолжува со активностите на фудбалскиот пазар. Италијанските медиуми објавија дека „росонерите“ испратиле официјална понуда до Баерн за Ренато Санчес.

Милан нуди 40 милиони евра плус 20 милиони евра бонуси за фудбалерот.

Младиот Португалец минатата сезона не се изнаигра во германскиот првак и затоа е можно да ја промени средината со цел да биде стандарден првотимец.

Неговиот менаџер најави дека ќе стори се да се оствари трансферот во Милан, но за разумна понуда, па сега останува да се види дали двата гиганти ќе успеат да постигнат договор. /МИА

СП 2018: Швајцарија ја совлада Србија

Швајцарија ја совлада Србија со 2:1 во натпревар од групата Е на Светското првенство во Русија.

Во возбудливиот натпревар со сериозни шанси на двете страни, српската репрезентација дојде до водство од 0:1 со голот на Александар Митровиќ во петта минута, резултат со кој се замина на паузата.

Во почетокот на вториот дел Гранит Џака беше прецизен и Швајцарија во 52-та минута израмни на 1:1.

Швајцарската репрезентација со голот на Џердан Шакири во 90-та минута дојде до победа од 2:1.

Во оваа група Бразил и Швајцарија сега имаат по четири бода, Србија има три, додека Костарика остана без бодови и без шанси за натамошен пласман./МИА

СП 2018: Ахмед Муса и донесе победа на Нигерија против Исланд

Нигерија убедливо со 2:0 го совлада Исланд во натпревар од групата Д на Светското првенство во Русија.

За нигериската репрезентација ова е прва победа на Мундијалот, а стрелец на двата гола беше Ахмед Муса.

Нигериските фудбалери одиграа одличен натпревар, особено во вториот дел кога притисокот на голот на Исланд беше постојан и беа постигнати двата гола во 49 минута и 75 минута.

Нигерија со овие три бода останува во игра за нокаут фаза, а шанси имаат и Аргентина и Исланд, бидејќи за второто место во оваа група ќе се решава во последното коло.

СП 2018: Бразил во финишот ја совлада Костарика

Бразил во судиското надополнување ја совлада Костарика со 2:0 во натпревар од групата Е на Светското првенство во Русија.

Филипе Кутињо во 91-та минута беше прецизен за водство од 1:0 на бразилската репрезентација, а Нејмар во 97-та минута ја потврди победата и постигна гол за конечни 2:0.

Иако Бразилците влегоа како фаворити во натпреварот, многу потешко од очекуваното дојдоа до значајната победа и до трите бода.

Во второто полувреме интересен беше и моментот кога судијата досуди пенал за Бразил, откако Нејмар падна во шеснаесетникот на Костарика. Но, по консултација со ВАР системот ја поништи својата одлука.

Бразил сега има четири бода, додека Костарика остана без бодови и без шанси за натамошен пласман.

Во оваа група вечерва ќе играат Србија и Швајцарија./МИА

притисни ентер