Федерер се искачи на третата позиција на АТП ранг листата

Победникот на Вимблдон Роџер Федерер бележи скок на најновата АТП ранг листа објавена денеска и од петтото се проби на третото место.
Две места „падна“ Стан Вавринка, исто како и Милош Раониќ, додека во ТОП 10 влезе бугарскиот тенисер Григор Димитров.

Топ 10 тенисери на светот:
        1. (1) Енди Мареј (Велика Британија) 7.750 поени
        2. (2) Рафаел Надал (Шпанија) 7.465
        3. (5) Роџер Федерер (Швајцарија) 6.545
        4. (4) Новак Ѓоковиќ (Србија) 6.325
        5. (3) Стен Вавринка (Швајцарија) 6.140
        6. (6) Марин Чилиќ (Хрватска) 5.075
        7. (8) Доминик Тим (Австрија) 4.030
        8. (9) Кеи Нишикори (Јапонија) 3.740
        9. (7) Милош Раониќ (Канада) 3.310
        10. (11) Григор Димитров (Бугарија) 3.160...

Од македонските тенисери најдобропласиран е Томислав Јотовски кој се наоѓа на 777.позиција. /МИА

СП 2018: Јапонија и Сенегал со нерешен резултат

Јапонија и Сенегал одиграа нерешено 2:2 во натпревар од групата Х на Светското првенство во Русија.

Двете репрезентации покажаа релативно израмнета игра особено во однос на поседот на топката и контролата на теренот, но сепак Сенегал беше за нијанса поквалитетен што се одрази со поголем притисок врз јапонскиот гол и бројот на шанси за погок.

Сенегалците стигнаа до рано водство со голот на Садио Мане во 11-та минута, но Јапонија преку Такаши Инуи во 34-та израмни на 1:1, резултат со кој се замина на паузата.

Во второто полувреме Сенегал повторно поведе 2:1 во 71-та минута со голот на Муса Ваге, но по седум минути Кеисуке Хонда израмни на 2:2.

Во оваа група Јапонија и Сенегал сега имаат по четири бодови, а Полска и Колумбија се без бодови, но ќе се соочат вечерва. Без разлика на исходот од натпреварот меѓу Полска и Колумбија, местата во осминафиналето во оваа група ќе се решаваат во последното коло.

Чилиќ го совлада Ѓоковиќ и го освои Квинс

Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ ја освои титулата на АТП турнирот од серијата 500 во Квинс, Лондон.

Чилиќ во финалето го совлада најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ со 2:1 во сетови (5:7, 7:6, 6:3).

Натпреварот траеше речиси три часа, а за Ѓоковиќ ова беше прво финале по пауза од 11 месеци и имаше шанса да го освои првиот трофеј по повредата, но потфрли во клучните моменти и му овозможи на противникот целосен пресврт.

За Чилиќ ова е 18 титула во неговата кариера.

Хамилтон лесно до триумф во Франција

Британскиот возач Луис Хамилтон од Мерцедес победи на трката за Големата награда на Франција.

Втор беше Макс Верстапен од Ред Бул, додека третата позиција ја освои Кими Раиконен од Ферари, кој во последните кругови го претекна Даниел Рикиардо од Ред Бул и го остави на четвртото место.

По почетните проблеми и казната Себастијан Фетел од Ферари успеа да се најде на петтата позиција.

Во самиот старт на трката дојде до контакт меѓу Фетел и возачот на Мерцедес, Валтери Ботас, по што двајцата накратко беа надвор од патеката, но ја продолжија трката. Бидејќи до контактот дојде по грешка на Фетел, возачот на Ферари доби казна од пет секунди.

Шести беше Кевин Магнусен од Хас, а Ботас заврши како седми.

Со оваа победа Хамилтон се врати на првото место во генералниот пласман.

притисни ентер