Каевски: Спортот да го оставиме на спортистите, не на политиката

Новиот директор на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски не ја исклучува можноста во блиска иднина дел од оваа институција да стане и некое звучно спортско име.


- Сигурно е дека ќе се вклучат луѓе кои имаат влијание во спортот. Целта е јасна – спортот да го издигнеме на едно повисоко ниво. Спортот треба да биде оставен на спортистите, не на политиката, изјави Каевски .

Тој сака да помогне за поголема инволвираност на младите лица во општеството, но и да ја продлабочи соработката со спортските федерации.
- Агенцијата за млади и спорт досега главната перцепција ја имаше врз спортот, но новото раководство со мене како директор ќе се залага за младите да добијат значително место во општеството. Ќе разговараме и ќе ги воочиме проблемите што ја тиштат младината во Македонија, како невработеноста и масовното иселување на младите луѓе, потоа ќе работиме на решавање на овие ситуации, истакнува новиот директор на официјалниот Фејсбук профил на АМС.

Каевски потенцира дека поголемиот ангажман кон делот за младите лица во Македонија никако нема да значи запоставување на спортските активности и комуникацијата со спортските федерации.

- Ние во ниту еден план нема да го оставиме спортот во позадина. Напротив, ќе ја продлабочиме соработката со федерациите и ќе му дадеме уште позначајно место на спортот во животот во нашата држава.

АМС повторно ќе има одговорна улога околу распределбата на финансиските средства на спортските федерации, за која Каевски е дециден дека АМС ќе инсистира на наменско трошење на финансиите што ќе бидат доделени од ова државно тело.

- Прекратко време сум овде за да можам да говорам за конкретна стратегија, најпрвин ќе направиме ревизија за работата и досегашното доделување на средствата. Она што можам да кажам е дека нема да се мешаме воопшто во спортскиот дел, а единствена работа што ќе ја бараме е транспарентност во однос на трошењето кои ќе ги добиваат од АМС. Најпрвин ќе направиме детална ревизија на потрошените пари на сите федерации досега, по што ќе се направи и стратегијата за во иднина. Сакаме федерациите на нашата агенција да гледаат како на партнер за развој на македонскиот спорт, потенцира Дарко Каевски.

Почнува пријавувањето за 20. издание на Виз Ер Скопски Маратон

Пријавувањето за 20. јубилејно издание на Виз Ер Скопски Маратон почнува утрово во 9 часот и ќе трае до 20 септември до 23:59 часот. Право на учество имаат сите македонски и странски државјани. 

- Трката има ограничен број на учесници и пријавувањето може да се затвори, доколку се пополни предвидениот број на бројот на учесници, затоа побрзајте и пријавете се уште денеска, апелира организаторот на манифестацијата Сојузот на спортови на Скопје

Маратонот ќе се одржи 6 октомври со почеток во 8 часот.

Учесниците на маратон и полумаратон на стартот ќе бидат распоредени во четири стартни боксови според времето кое ќе го одберат при процесот на

пријавување, додека учесниците во штафетниот маратон и трката на 5км ќе бидат распоредени во стартни зони кои ќе бидат означени во зоната на старт со името на трката.

Трката има сертификат од Асоцијацијата за улични трки (AIMS) и се одвива според правила на Светска Атлетика (WA), и АФСМ.

Секој учесник што ќе стартува на Виз Ер Скопски Маратон ќе добие вредносен ваучер од 20 ЕУР од насловниот спонзор на трката, Виз Ер. Во стартниот пакет за сите трки е вклучена и маица, но ја добиваат само оние кои ќе се регистрираат до 29 август 2024.

Концерт „Татковина“ во Филхармонија

Филхармонијата вечер ќе одржи концерт насловен „Татковина“ под диригентство на Сашо Татарчевски, на кој ќе настапи виолинистот Бојан Илкоски.

На програмата ќе бидат изведени виртуозниот Концерт за виолина и оркестар бр.1 од Николо Паганини (1782-1840) и Симфонија бр. 4 во де-мол, оп.120 од Роберт Шуман (1810-1856)

Дирирентот Татарчевски дипломирал и магистрирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на катедрите за хорско и оркестарско диригирање, а посетувал и мајсторски курсеви во Њујорк, Рим, Москва, Берлин, Фиренца, Санкт Петербург и Сартеано. Настапувал со различни ансамбли и на голем број фестивали на кои има освоено награди.

Редовен член е на неколку жири-комисии на интернационални хорски натпревари и раководител на меѓународниот хорски форум во Струга.

Во моментов работи како професор на ФМУ по група предмети од областа на диригирањето и диригент е на симфонискиот оркестар и мешаниот хор „Драган Шуплевски“, како и уметнички раководител на Женскиот младински хор при МКЦ и професионалниот мешан хор „Про Арс“.

Виолинистот Бојан Илкоски дипломирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф.Олег Кондратенко. Досега остварил бројни настапи во земјата и во странство.

Во 2009 година го одржал својот прв самостоен целовечерен концерт во Даут-пашиниот амам. Неговото досегашно искуство како виолинист, вбројува и неколку соло рецитали без пијано придружба.

Илкоски е член на Меѓународниот младински камерен оркестар на Музичка младина, а од неодамна е редовен член на Симфонискиот оркестар при Македонската филхармонија, како и член на оркестарот за филмска музика „Фејмс“.

-Бојан Илкоски (1992) е еден од најпосветените музички уметници кај нас, кој постојано настапува во различни ансамбли. Неодамна, токму со изведба на Концертот за виолина и оркестар бр. 1 од Паганини, настапи како солист во Софија со оркестарот „Симфониета Софија“ и маестро Свилен Симеонов, соопшти Филхармонијата.

Трет ден трае потргата по двегодишното девојче од Србија

Трет ден трае потргата по двегодишното девојче.Српската  полицијата соопшти дека продолжува интензивно оперативно да работи за утврдување на сите факти и околности поврзани со исчезнувањето на детето.

Вчера полиција по 27 часа интензивно пребарување на теренот ја запре потрагата по двегодишната Данка Илиќ во приградската населба Бањско поле и во Брестовачка бања, во близина на Бор.

Според српското МВР, сите информации укажувале дека исчезнатото девојче не било во тоа подрачје од околу 10 квадратни километри. Но полицијата продолжува со оперативните активности за пронаогање на детето.

Инаку, родителите на малата Данка биле на распит во полиција а мобилниот на мајката бил испратен на вечтачење јавија српските медиуми.Нејасно е и како 22-месечното девојче успеало толку брзо да избега од вниманието на возрасните среде бел ден.

притисни ентер