Три нови рекорди на Леброн Џејмс во НБА лигата

Леброн Џејмс на синоќешниот четврти натпревар од НБА финалето против Голден Стејт, кој Кливленд го доби со 137:116, постави три нови рекорди.
Џејмс во победата над Кливленд оствари „трипл-дабл“ учинок од 31 поен, 10 скокови и 11 асистенции.

Со постигнатите 31 поен „Кралот Џејмс“ се искачи на третото место на вечната листа на најдобри стрелци во историјата на НБА финалата се искачи на третото место на вечната листа на најдобри поентери во НБА финалата со вкупно 1.176 поени, па пред него сега се само Џери Вест (1.679) и Карим Абудл Џабар (1.317).

Џејмс го запиша деветиот „трипл-дабл“ со што го мина Меџик Џонсон (8), а исто така го урна и рекордот на Мајкл Џордан и е новиот лидер на слободни фрлања во плеј-офот со 1.463 реализации. 

Претставени маскотите за Олимписките игри во Токио 2020

Организаторите на Летните олимписките игри во Токио 2020 ги претставија официјалните маскоти.

По анкетата спроведена во основните училишта во Јапонија, учениците одлучија тие да се викаат Мираитова и Сомеити.

Станува збор за ликови со футуристички изглед, кои според организаторот се комбинација на традицијата и иновацијата.

Маскотите ги изработи јапонскиот уметник Рио Танигучи.

Олимписките игри во Токио ќе се одржат од 24 јули до 9 август 2020 година./МИА

Хамилтон победи во Германија, Фетел не ја заврши трката

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, победи на трката за Големата награда на Германија, откако најдобро се снајде во променливите услови на патеката.

Актуелниот шампион на патеката „Хокенхајм“ стартуваше дури од 14-та позиција, но сепак успеа да стигне до 66-та победа во кариерата.

Второто место го освои неговиот клупски колега Валери Ботас, а трет заврши Кими Раиконен од Ферари.

Главниот конкурент Себастијан Фетел од Ферари, кој важеше за фаворит и тргна од пол-позицијата, сепак по 52 круга водство излета од патеката и ја заврши трката.

Хамилтон со оваа победа е прв во генералниот пласман и има 188 бодови, а Фетел е втората позиција со 171 бод./МИА

Иниеста дебитираше со пораз на Висел Кобе

Андрес Иниеста дебитираше во јапонскиот шампионат, но неговиот клуб Висел Кобе на домашен терен претрпе убедлив пораз од 0:3 од Шонан.

Иниеста влезе во игра во 59-та минута при резултат 0:2, но не успеа да внесе промена во лошата игра на неговите соиграчи и до крајот на натпреварот примија уште еден гол.

Дебито на шпанскиот фудбалер беше поздравено од присутните гледачи во Кобе со стоечки овации. /МИА

притисни ентер