Јунајтед и Ајакс по продолженија, Лион на пенали до полуфиналето во ЛЕ

Крајно неизвесни и драматични натпревари беа одиграни синоќа во реваншите од четвртфиналната фаза во Лига Европа по кои полуфинале изборија Манчестер Јунајтед, Олимпик Лион, Ајакс и Селта.
Единствено на Селта и беа доволни 90 минути во реваншот со Генк да го помине четвртфиналето, додека на другите три дуели се играа продолженија, а еден од нив беше решен по изведување пенали.

Манчестер Јунајтед со голот на Маркус Рашфорд го скрши отпорот на Андерлехт. Ајакс иако беше во незавидна позиција по водството на Шалке од 3:0, до крајот постигна два гола, додека Лион дури во осмата серија од пеналите го елиминира Бешикташ откако по 120 минути игра резултатот беше 2:1 за домаќинот, исто како и на дуелот во Франција. Селта одигра нерешено во Белгија и ја зачува предноста од домашниот терен.

Резултати:

Манчестер Јунајтед – Андерлехт 2:1 по продолжение (1:1 прв натпревар);

Шалке – Ајакс 3:2 по продолжение (0:2 прв натпревар);

Генк – Селта 1:1 (2:3 прв натпревар);

Бешикташ – Олимпик Лион 6:7 на пенали (1:2 прв натпревар). /МИА

Рамос му посака брзо закрепнување на Салах

Серхио Рамос го искористи својот Твитер профил за да искаже сочувство кон повредениот Мохамед Салах. 

Дефанзивецот на Реал Мадрид и нанесе повреда на ѕвездата на Ливерпул во средината на првото полувреме по груб боречки дуел, а потоа Шпанците победија со 3: 1 во финалето на Лигата на шампионите.

- Понекогаш фудбалот ви ја покажува добрата страна, а понекогаш и лошата. Пред се, ние сме професионалци и сакам да му посакам брзо закрепнување. Салах, иднината те очекува, напиша тој.

По натпреварот, Рамос ги негираше гласините дека Кристијано Роналдо ќе го напушти Мадрид. Тој тврди дека Португалецот нема да најде посилен тим од Реал. /МИА

Кариус: Го предадов тимот

Голманот на Ливерпул, Лорис Кариус презеде вина за поразот на неговиот клуб во финалето, откако прими два смешни гола за победа на Реал Мадрид со 3:1.

- Во моментов не чувствувам ништо. Го загубив натпреварот и жалам. Им се извинувам на моите соиграчи и сите поврзани со клубот. Ако можев да го вратам времето назад, ќе го направев тоа. Жал ми е, бидејќи денес ги предадов колегите, рече тој по мечот.

Германецот додаде дека неговите грешки во финалето го чинеле прескапо целиот тим.

- Тешко е да се зборува, но тоа е животот на голманот. Должен сум да кренам повторно глава. Во моментов, сепак само жалам за она што се случи, бидејќи овие голови се по цената на трофеј, додаде Кариус. /МИА

Клоп: Пропуштивме голема шанса

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп дефинитивно не беше расположен за коментари по поразот од Реал Мадрид во финалето на Лигата на Шампионите во Киев со 1:3.

„Црвените“ го почнаа подобро натпреварот, но потоа го загубија Мохамед Салах, а голманот Лорис Кариус направи голема грешка и му овозможи на Карим Бензема да го отвори резултатот. Ливерпул израмни, но резервата Герет Бејл повторно ја врати предноста на Реал, а нова грешка на Кариус по удар од далечина на Велшанецот го реши исходот од натпреварот.

- Момчињата се обидоа со се, но тоа не беше најдоброто сценарио што ни се случи вечерва. Се беше многу убаво до оваа вечер. Имавме голема шанса, но не успеавме да ја искористиме. Тоа е. Никогаш нема да дознаеме што ќе се случеше ако Мо Салах останеше на теренот, прокоментира Германецот.

Менаџерот на Ливерпул го израмни антирекордот на Ектор Купер и Арсен Венгер, откако Ливерпул загуби во финалето. Германецот стана третиот менаџер во историјата, кој ги губи првите три финалиња во европските клубски турнири.

За Клоп, поразот во финалниот меч исто така е шести од вкупно седум финалиња, во кои тој бил тренер. /МИА

притисни ентер