Македонските тенисери поразени од Луксембург

Македонската тениска селекција и следната година ќе игра во Третата Евро-африканска зона на Дејвис Купот.

Откако во групната фаза остварија три победи, денеска нашите тенисери се поразени од Луксембург во решавачкиот меч за влез во втората зона.

Македонија загуби од Луксембург со 2-1 во мечеви откако Димитар Грабул во беше поразен од Уго Настаси со 0-2 по сетови 4:6 и 3:6, односно во вториот меч, Томислав Јотовски го израмни резултатот совладувајќи го Криштоф Тол со 2-0 по сетови 6:4 и 6.3.

Во решавачкиот трет меч во двојки, Грабул и Јотовски, против Кнаф и Дидерих со 1-2, по сетови 5-7,6-4,2-6.

На крајот од турнирот кој се играше во бугарскиот град Созопол, Македонија заврши како трето пласирана и без пласман во повисок ранг на натпреварување во Дејвис купот. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Чаен колач

Во четврток (18.04.2024) во емисијата гостин ни беше Анета Љумаковска.

Состојки за денешниот рецепт:

3 јајца

2 банани

1 јаболко

1 лажиче мед

1 кесичка прашок за пециво

2 лажици интегрално брашно

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Австралија ги советува своите државјани да ги напуштат Израел и палестинските територии

Австралија побара од своите граѓани да го напуштат Израел, наведувајќи ја „големата закана од воени репресалии и терористички напади“.

„Ги повикуваме Австралијците и во Израел или во окупираните палестински територии да заминат ако е безбедно да го сторат тоа“, се вели во известувањето од Министерството за надворешни работи.

Владата на Австралија претходно им порача на граѓаните да избегнуваат патување во двете области доколку е можно и, доколку се загрижени, да заминат. /МИА

Остин разговарал со Галант пред извештаите за експлозии во Иран

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант за „регионалните закани и дестабилизирачките дејства на Иран на Блискиот Исток“, соопшти денеска Пентагон.

Повикот е остварен пред Израел, како што пренесуваат медиумите, да изврши напад на територијата на Иран, а во соопштението на Пентагон не се споменува дискусија за плановите на Израел за тој напад, јави Си-Ен-Ен. Неименуван висок американски функционер за Си-Ен-Ен изјави дека Израел во четвртокот ги известил САД дека во наредните денови ќе возврати на нападот на Иран извршен минатиот викенд и дека Вашингтон не ја поддржува таа акција на Тел Авив.

Тензиите меѓу Тел Авив и Техеран се зголемија по нападот на Иран врз Израел на 13 април, со повеќе од 300 беспилотни летала и проектили. Неименуван американски функционер претходно за Си-Ен-Ен изјави дека Израел утринава извршил напад на иранска територија, а иранската државна телевизија објави дека три беспилотни летала биле забележани над небото во Исфахан и биле уништени откако системот за противвоздушна одбрана на земјата бил активиран. /МИА

притисни ентер