Вестрбук го израмни рекордот на Робертсон стар 55 години

Расел Вестбрук и официјално стана вториот играч во историјата на НБА лигата, кој регуларниот дел од сезоната ќе го заврши со трипл-дабл просек.
Вестбрук на синоќешниот меч кој неговиот тим Оклахома го загуби на гостувањето кај Феникс со 120:99, ги оствари потребните шест асистенции и на три меча пред крајот на регуларниот дел од сезоната го повтори историскиот успех на легендарниот Оскар Робертсон од сезоната 1961/62.

Најдобриот играч на Тандерс оваа сезона во просек бележеи 31,8 поени, 10,7 скока и 10,4 асистенции, додека пак Робертсон пред 55 години имал просек од 30,8 поени, 12,5 скока и 11,4 асистенции.

Вестбрук на дуелот против Феникс имаше шанса да дојде до 42-от трипл-дабл сезонава и да го мине Робертсон, но не успеа, бидејќи му недостигаа две асистенции. Тој средбата ја заврши со 23 поени, 12 скока и 8 асистенции.

Од останатите натпревраи одиграни ноќеска во НБА лигата го издвојуваме поразот на шампионот Кливленд на домашен терен од Атланта со 100:114 како и минималната победа на Торонто против Мајами со 96:94.

На другите натпревраи беа постигнати следниве резултати: Хјустон - Детроит 109:114, Мемфис - Њујорк 101:88, Далас - Сан Антонио 89:102, Денвер - Њу Орлеанс 122:106, Јута - Минесота 120:113 и ЛА Лејкерс - Сакраменто 98:94.

Во Мерцедес загриженост пред трката во Монако

Директорот на Формула 1 тимот на Мерцедес, Тото Волф изјави дека трката за Големата награда на Монако не одговара на болидите на неговиот тим.

Минатата сезона на патеката во Монте Карло возачите на Мерцедес имаа слаб пласман, при што Валтери Ботас беше четврти, а актуелниот светски шампион Луис Хамилтон заврши дури на седмата позиција.

- Минатата година увидовме дека патеката не одговара на нашите болиди. Меѓутоа, тешко е да се зaмени структурата на болидите, но факт е дека во Монако, Будимпешта и Сингапур не остваривме добри резултати. Тоа ќе биде голем предизвик за нас да го надминеме оваа година. Се уште не сме откриле поради што нашиот болид не е брз во свиоците и тоа навистина не загрижува, истакна Волф.

Шампионатот во Формула 1 продолжува следниот викенд со трката за Големата награда на Монако./MИА

Белгија без Наинголан на Мундијалот во Русија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Белгија, Роберто Мартинез денеска го објави списокот од 28 играчи за Светското првенство во Русија, кој до четврти јуни ќе го скрати  на 23.

Големо изненадување е изоставувањето на ѕвездата на Рома, Раџа Наинголан, од белгиската селекција.

Наводно Мартинез лично го известил Наинголан дека нема да биде на списокот за Мундијалот, а според одредени гласини причина за тоа е неспортскиот начин на живот, односно порокот кон алкохолот и цигарите.

Но, според дел од белгиските медиуми, фудбалерот на Рома не се нашол на списокот, бидејќи не се вклопува во концептот на селекторот.

Наинголан, по оваа одлука на селекторот, објави дека ја завршува неговата репрезентативна кариера.

- Неволно одлучив да ја завршам репрезентативната кариера. Секогаш се трудев на најдобар начин да ја претставувам нашата земја, но, за жал, не е секогаш до мене. Од денеска сум само навивач на Белгија, истакна фудбалерот.

Одлуката на селекторот Мартинез наиде на неодобрување кај повеќето белгиски навивачи, кои очекуваа подобар пласман со настапите на Наинголан во Русија./MИА

Иниеста: Дојдов како момче, заминувам како возрасен маж

Андрес Иниеста на „Камп Ноу“ го одигра последниот натпревар во кариерата во дресот на Барселона.

Победата од 1:0 против Реал Сосиедад, но и цела шампионска прослава му беше посветена нему, а потоа 34-годишниот фудбалер откако се прости со навивачите и соиграчите сам во потполна тишина седеше на центарот од стадионот.

Иниеста помина повеќе од две децении во Барселона, а со солзи во очите го одржа и последниот говор.

- Денеска беше навистина тежок ден, но кој му претходеа фантастични 22 години. Ми беше задоволство и се гордеам што го претставував и бранев овој грб, кој за мене е најдобриот во светот. Им благодарам на сите мои соиграчи, многу ќе ми недостигаат. Им благодарам и на сите навивачи, за љубовта и за се останато што ми го даваа откако дојдов овде како момче, а сега си заминувам како возрасен маж, засекогаш ќе бидете во моето срце. Оваа недела останав без зборови, истакна Иниеста.

Тој кариерата во Барселона ја започна во 1996 година во нејзините младински категории, а по шест години стана и дел од првиот тим. Иниеста најверојатно кариерата ќе ја продолжи во јапонскиот клуб Кобе./MИА

притисни ентер