Календар на Формула 1 трки за 2017 година, возачи, тимови

На 26 март со трката за Големата награда на Австралија во Мелбурн започнува светскиот шампионат во Формула 1.
Календар на Формула 1 трки за 2017 година и возачите на тимовите. 
26.03 Австралија Мелбурн
09.04 Кина Шангај
16.04 Бахреин Шакир
30.04 Русија Сочи
14.05 Шпанија Барселона
28.05 Монако
11.06 Канада Монтреал
25.06 Aзербејџан Баку
09.07 Aвстрија Шпилберг
16.07 Британија Силверстоун
30.07 Унгарија Будимпешта
27.08 Белгија Спа-Франкоршамп
03.09 Италија Монца
17.09 Сингапур Сингапур
01.10 Mалезија Сепанг
08.10 Јапонија Сузука
22.10 САД Остин
29.10 Mексико Мексико Сити
12.11 Бразил Сао Паоло
26.11 Абу Даби

Возачи, тимови:

44 Луис Хамилтон Велика Британија Мерцедес Мерцедес
77 Валтери Ботас Финска Мерцедес Мерцедес

3 Даниел Рикардо Австралија Ред Бул Рено
33 Макс Верстапен Холандија Ред Бул Рено

5 Себастијан Фетел Германија Ферари Ферари
7 Кими Раиконен Финска Ферари Ферари

11 Серхио Перез Мексико Форс Индија Мерцедес
31 Естебан Окон Франција Форс Индија Мерцедес

19 Фелипе Маса Бразил Вилијамс Мерцедес
18 Ланс Строл Канада Вилијамс Мерцедес

14 Фернандо Алонсо Шпанија Мекларен Хонда
2 Стофел Вандорн Белгија Мекларен Хонда

8 Роман Гросжан Франција Хас Ферари
20 Кевин Магнусен Данска Хас Ферари

55 Карлос Саинц Шпанија Торо Росо Рено
26 Данил Квјат Русија Торо Росо Рено

27 Нико Хулкенберг Гермнаија Рено Рено
30 Џолион Палмер Велика Британија Рено Рено

9 Маркус Ериксон Шведска Заубер Ферари
94 Паскал Ферлајн Германија Заубер Ферари

СП 2018: Се запали авионот на Саудиска Арабија

Авион во кој се наоѓаше експедицијата на фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија се запали на нивното патување кон Ростов.

Пламен се појави на едно крило, но за среќа авионот слета безбедно во Ростов и трагедијата беше избегната. Огнот беше предизвикан од технички проблем со моторот на рускиот Ербас.

Од раководството на Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија потврдија дека никој не е повреден и дека фудбалерите и стручниот штаб се безбедни.

- Фудбалската федерација на Саудиска Арабија сака да ве увери дека членовите на репрезентацијата се апсолутно безбедни по малиот дефект на моторот на авионот, се вели во соопштението.  /МИА

СП 2018: Кејн во финишот и донесе победа на Англија против Тунис

 Англија со гол во судиското надополнување го совлада Тунис со 2:1 во вториот натпревар од групата Г на Светското првенство во Русија.

Англичаните во првиот дел ја оправдаа фаворитската улога и доминираа на теренот, при тоа имаа неколку сериозни шанси за погодок.

Англија со голот на Хари Кејн во 18-та минута поведе со 1:0. Меѓутоа, Тунис иако потешко доаѓаше до контрола на топката успеа во 35 минута со гол од пенал, кој успешно го реализираше Ферјани Саси, да израмни на 1:1.

Англиската репрезентација и во вториот дел продолжи со притисокот врз голот на Тунис, но изостануваше реализација се до 91-та минута кога Кејн повторно беше прецизен и донесе победа од 2:1.

Во првиот натпревар од оваа група Белгија убедливо ја совлада Панама со 3:0. 

СП 2018: Белгија убедливо ја совлада Панама

Белгија убедливо ја совлада Панама со 3:0 во првиот натпревар од групата Г на Светското првенство во Русија.

Белгиската репрезентација доминираше на теренот во текот на целиот натпревар и без поголеми проблеми дојде до победа.

Првиот гол во 47 минута го постигна Дрис Мертенс, а потоа Ромелу Лукаку прво во 68 минута зголеми на 2:0, а седум минути подоцна беше прецизен за конечни 3:0.

Во вториот натпревар од оваа група во Волгоград ќе се соочат Англија и Тунис. /МИА

притисни ентер