Барселона сигурна во дуелот со Валенсија

Фудбалерите на Барселона синоќа со 4:2 ја совладаа Валенсија на последниот натпревар од 28.коло од Примера.
Гостите поведоа со 1:0 со голот на Елиакуим Мангала во 29.минута. Барселона изедначи во 35.минута преку Луис Суарез, а Меси во 45.минута реализираше пенал за водство од 2:1. На пеналот претходеше исклучувањето на Мангала. Валенсија изденачи во дополнувањето на првиот дел (45+1.минута) со голот на Мунир. Меси на почетокот на вториот дел донесе водство за својата екипа, а конечните 4:2 ги постави Андре Гомеш во 89.минута.

Резултати од 28.коло од Примера:
Барселона – Валенсија 4:2,
Леганес – Малага 0:0,
Атлетико Мадрид – Севиља 3:1,
Хихон – Гранада 3:1,
Депортиво Ла Коруња – Селта 0:1,
Бетис – Осасуна 2:0,
Алавес – Реал Сосиедад 1:0,
Атлетик Билбао – Реал Мадрид 1:2,
Еибар – Еспањол 1:1,
Лас Палмас – Виљареал 1:0.

Табела: Реал Мадрид 65 бодови, Барселона 63, Севиља 57, Атлетико Мадрид 55, Виљареал 48, Реал Сосиедад 48, Атлетик Билбао 44,... 

Роналдо по изјавата за можно заминување од Реал: Зборовите ми беа извадени од контекст

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо изјави дека бил погрешно разбран околу неговата иднина во мадридкиот тим во синоќешната изјава по финалето на Лигата на шампионите, во кое неговиот тим го совлада Ливерпул со 3:1.

- Сега не е време да зборуваме за лични работи, а и моите зборови можеби биле извадени од контекст. Можеби и не требаше да го кажам она што го кажав. Да се ​​освои ЛШ три пати по ред е нешто прекрасно, посебно и историско, рече Роналдо во интервју за „Фокс Спортс“.

Како што претходно јави МИА, Португалецот синоќа ја шокираше фудбалската јавност си својата изјава дадена неколку минути по завршувањето на финалето.

- Беше одлично да се игра во Реал Мадрид. По неколку дена ќе кажам нешто, ќе дадам одговор на навивачите, кои секогаш беа со мене, изјави ѕвездата на „белите“.

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез изјави дека Кристијано е среќен на „Сантијаго Бернабеу“ и нема да го напушти тимот.

- Секој има право да зборува, но јас не сакам да се задлабочувам во тоа. Мило ми е што Кристијано има пет трофеи од Лигата на Шампионите, бидејќи и јас имам толку. Денес славиме нов европски успех, па едноставно треба да уживаме. Кристијано е среќен и ќе продолжи да се чувствува така. Јас не сум во Киев да зборувам за индивидуални играчи, туку за да славам. Реал има 13 трофеи и ги има најдобрите играчи на секоја позиција, рече Перез.

Тренерот на „кралскиот“ клуб, Зинедин Зидан исто така одби да коментира зошто Роналдо ги кажал овие зборови, додека Серхио Рамос и Карим Бензема изразија сомнежи дека Португалецот ќе го напушти „Бернабеу“. /МИА

Рамос му посака брзо закрепнување на Салах

Серхио Рамос го искористи својот Твитер профил за да искаже сочувство кон повредениот Мохамед Салах. 

Дефанзивецот на Реал Мадрид и нанесе повреда на ѕвездата на Ливерпул во средината на првото полувреме по груб боречки дуел, а потоа Шпанците победија со 3: 1 во финалето на Лигата на шампионите.

- Понекогаш фудбалот ви ја покажува добрата страна, а понекогаш и лошата. Пред се, ние сме професионалци и сакам да му посакам брзо закрепнување. Салах, иднината те очекува, напиша тој.

По натпреварот, Рамос ги негираше гласините дека Кристијано Роналдо ќе го напушти Мадрид. Тој тврди дека Португалецот нема да најде посилен тим од Реал. /МИА

Кариус: Го предадов тимот

Голманот на Ливерпул, Лорис Кариус презеде вина за поразот на неговиот клуб во финалето, откако прими два смешни гола за победа на Реал Мадрид со 3:1.

- Во моментов не чувствувам ништо. Го загубив натпреварот и жалам. Им се извинувам на моите соиграчи и сите поврзани со клубот. Ако можев да го вратам времето назад, ќе го направев тоа. Жал ми е, бидејќи денес ги предадов колегите, рече тој по мечот.

Германецот додаде дека неговите грешки во финалето го чинеле прескапо целиот тим.

- Тешко е да се зборува, но тоа е животот на голманот. Должен сум да кренам повторно глава. Во моментов, сепак само жалам за она што се случи, бидејќи овие голови се по цената на трофеј, додаде Кариус. /МИА

притисни ентер