Атлетико го доби дербито против Севилја

Фудбалерите на Атлетико Мадрид го добија дерби натпреварот против Севилја во рамките од 28.коло во шпанската Примера.


На средбата одиграна попладнево на „Винсенте Калдерон“ во Мадрид, Атлетико со 3-1 ја победи Севилја. Стрелци на головите за популарните „јорганџии“ беа: Диего Годин (37.минута), Антоан Гризман (61) и Коке (77), додека поразо0т на андалузиската екипа го ублажи Хуан Кореа на пет минути пред крајот на средбата.

Со новите три бодови, а во трка за третото место на табелата сега Атлетико има само два бода помалку од Севилја, но пет помалку од Барселона, односно дури десет во однос на лидерот на табелата Реал Мадрид.

Во првиот денешен натпревар во Примера, Леганес и Малага одиграа без голови 0-0.

До крајот на ова коло остануваат да се одиграат уште три натпревари: Депортиво Ла Коруња - Селта Виго, Спортинг Хихон – Гранада и Барселона – Валенсија.

Табела: Реал Мадрид 65 бодови,  Барселона 60, Севилја 57, Атлетико Мадрид 55, Виљареал 48, Сосиедад 48, Атлетик Билбао 44.

Мане испрати 300 дресови на Ливерпул во неговото село во Сенегал

Фудбалерот на Ливерпул, Садио Мане, одлучи да ги изненади сонародниците во Сенегал и во селото од каде потекнува испрати 300 дресови пред финалето во Лигата на шампионите.

Фудбалерот ги испрати дресовите во селото Бамбали на југот од Сенегал, каде живеел до 2005 година и таму го гледал и финалето во Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Милан, кога со пресврт и пенал победи англискиот клуб.

- Некој тогаш да ми кажеше дека ќе играм во финалето на Лигата на шампионите ќе му одговорев дека тоа е нестварно. Во ова село се уште живее моето семејство, мајка ми и вујко ми. Сите 2.000 жители на селото ќе го гледаат финалето. Купив 300 дресови и им ги испратив таму за да можат да ги носат додека го следат финалето. Летово ќе ги посетам по Светското првенство во Русија и се надевам дека ќе можам да им покажам златен медал, истакна Мане.

Ливерпул утре во Киев во финалето на Лигата на шампионите ќе се соочи со Реал Мадрид, кој е бранител на титулата./MИА

Штербик избран во тимот на сезоната во ЛШ (Видео)

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска го објави тимот на сезоната 2017/2018 во Лигата на шампионите, а во него се најде само еден играч на актуелниот европски шампион Вардар.

Се работи за голманот Арпад Штербик, кој е еден од најдобрите на својата позиција и најзаслужен што македонскиот тим ќе има можност да ја одбрани титулата од лани.

ПСЖ има најмногу претставници во „ол-стар“ тимот, а тоа се левото крило Уве Генсхајмер, левиот бек Сандер Сагосен, централен бек Никола Карабатиќ и неговиот брат - Лука, како најдобар дефанзивец. За најдобар пикер ЕХФ го избра Бјарте Мирхол од Скјерн, на позицијата десен бек е играчот на Барселона Дика Мем, а десно крило е Давид Балагер од Нант. За најдобар млад играч е прогласен Ромен Лагард од Нант.

Патрис Канаје, тренерот на Монпелје, кој е противник утре на Вардар во полуфиналето на Ф4, е прогласен за најдобар за сезоната 2017/2018./MИА

Челзи го нуди Моратa и 40 милиони евра за Икарди

Напаѓачот на Интер, Мауро Икарди е на врвот на листата на желби на Челзи, кој е подготвен да издвои 40 милиони евра за негово привлекување во тимот и во Милано да го испрати Алваро Мората, објавија италијанските медиуми.

Мората пристигна во Челзи оваа година и постигна вкупно 15 гола, но во вториот дел од сезоната тој беше надвор од форма и големи се шансите да го напушти клубот, за разлика од Икарди кој постојано ги тресеше противничките мрежи.

Шпанецот веќе разговарал со раководстото на Јувентус, Милан го сака, но тој на крајот може да се пресели на „Џузепе Меаца“.

Откупната клаузула на Икарди од 110 милиони евра истекува на 15 јули, но во лондонскиот клуб веруваат дека ќе можат да поминат поевтино.

Весникот „Ил Месаџеро“, исто така, вели дека жената на Мората е моден блогер од Италија, кое, покрај играњето во Лигата на шампионите следната сезона, е мотив повеќе да се преселат заедно во градот на модата за следната сезона./МИА

притисни ентер